Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Продолжува серијата земјотреси во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос (ДПЛ)

Фото: МакедонијаДенес
Сподели

Атина, 12 февруари 2025 (МИА) – Земјотрес со јачина од 5 степени беше регистриран кусо по 3 часот по локално време во близина на Санторини, а серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос продолжи и во текот на ноќта, но и претпладнево, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, освен најсилниот земјотрес беа регистрирани и низа потреси со јачина од над 4 степени.

Претпладнево, во период од помалку од еден час, односно од 10.29 часот по локално време до 11.20 часот беа регистрирани девет земјотреси меѓу 3,9 и 4,9 степени, од кои осум беа над 4 степени.

- Advertisement -

Од почетокот на месецов земјотресите се секојдневие на Санторини, а доста често во помали временски периоди има по неколку силни земјотреси, а досега беа регистрирани вкупно четири од 5 или над 5 степени.

Најсилниот беше во понеделникот со јачина од 5,3 степени, минатата среда имаше земјотрес од 5,2 степени, а во неделата вечерта и рано утрово беа регистрирани по еден земјотрес од 5 степени.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 9 февруари, биле регистрирани над 14.000 земјотреси.

Само во неделата на 9 февруари биле регистрирани над 1.100 земјотреси, од кои 240 над 2,5 степени и 14 над 4 степени.

Од Сања Ристовска, Грција/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Рама бара од ЕУ под итно укинување на санкциите кон Косово и нов формат на дијалог меѓу Косово и Србија

Непредвидени проблеми во доделувањето на концесијата за црногорските аеродроми

Косово годинава очекува економски раст од 3,9 отсто

Во Тирана Американец ја задавил сопругата и двете кучиња и си пресудил со бесење

Вучиќ најавува предвремени избори и одбива промена на Уставот за повторен претседателски мандат

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Три бебиња починаа за 24 часа во српската општина Младеновац, наредена истрага

БалканПатување

Од туризмот минатата година Албанија остварила приход од над четири милијарди евра

Црна Гора влегува во одбранбената индустрија: Ќе произведува дронови за Украина

Балкан

Министер за одбрана на БиХ: 20 загинати во поплавите, Јабланица отсечена

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?