„Нема жена како тебе“, новата песна на ЈОЦЕ ПАНОВ предизвика голем интерес кај публиката и на социјалните мрежи. Песната, која уште од првото слушање освојува со моќна мелодија и емотивна интерпретација, сега доби визуелна приказна што совршено ја надополнува. Музиката е на Бане Опачиќ, препевот на текстот е на Весна Малинова, додека аранжманот е на Марко Цветковиќ.

“Znas li kako covek voli zenu”” е српската верзија на песната.
Видео спотот е снимен со модерен пристап и динамични кадри кој ја отсликува суштината на песната,безвременската љубов и почитта кон жената. Пораката е: вистинската љубов не може да се спореди со ниту една друга.
Од ПР Тимот велат дека спотот е реализиран од видео продукцијата General Film Studio – Dario Jankovic General, во режија на Ана Марија Јанковиќ. Истиот може да го погледнете тука ЈОЦЕ ПАНОВ – Нема Жена Како Тебе
„Нема жена како тебе“ е песна која зборува за длабока, искрена, па дури и судбинска љубов. Вокалната изведба е полна со страст и чувства, а аранжманот е модерен, со препознатлив балкански звук кој веднаш “влегува во уво”.


