Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Протест на опозицијата во Тирана со блокирање на улици, учесник и Бериша, не изостанаа судири со полицијата

24.12.2024 11:50
Сподели

Тирана, 23 декември 2024 (МИА) – Дождот и ветерот не ја спречија албанската опозиција да го одржи најавениот протест на “граѓанска непослушност”, со марширање и блокирање на пет главни улици во Тирана, на кои два и пол часа беше парализиран сообраќајот.

На протестот што почна по 17 часот учеството беше помало споредено со претходните протести, но за првпат по една година присуствуваше и демократскиот  лидер Сали Бериша.

– Оваа зима ќе биде тешка како за аргатот во Тирана(премиерот Еди Рама) и господарот во Белград(претседателот Александар Вучиќ). Дури и во Белград студентите го тресат диктаторот од темел, иако немаат иднина, ги поздравувам од срце. Ги поздравувам и сите граѓани на Тирана, оваа граѓанска непослушност е во интерес на секој граѓанин на Тирана и Албанија и нема да запреме без да ги реализираме нашите цели, техничка влада и слободни избори. Граѓанската непослушност е код за уривање на диктаторите, изјави Бериша за медиумите.

Банер Банер BrandEcho

Најави ” непослушност во секоја можна форма”.

– Еди Рама е изгубен, видовте како му падна рејтингот на ТикТок, свати дека тоа што не може да го контролира па одлучи да го забрани. Со Рама нема избори, избори не се бојкотираат, битката е незапирлива додека не замине,  ќе направиме се за да се урне оваа диктатура. Диктаторите се уриваат или со оружје или со непослушност, порача Бериша.

Ad image

Опозицијата не доби дозвола од  полицијата на барањето за блокирање на улици, бидејќи тоа се смета за кривично дело.

Пратениците на ДП изјавија дека не отстапуваат од одлуката за блокирање на улиците бидејќи според нив вака се прави собир, што и го направија.

Полицијата и вечерва преку мегафон апелираше да се ослободат улиците за нормално одвивање на сообраќајот, но учесниците не се повлекуваа,  полициските службеници се обидоа да ги растераат, по што дојде до судир, но брзо ситуацијата се смири.

Бројни беа навредите упатувани кон полицијата, дури  генералниот секретар на ДП, Фљамур Нока, директно  началник на полициски комесаријат го нарече криминалец, а беа регистрирани и повеќе инциденти со напади врз полицијата.

Пратеникот на ДП, Агрон Ѓекмаркај во еден момент изгуби свест, по што веднаш му беше дадена соодветна помош во едно од амбулантите возила. И тој и Бериша ја обвинија полицијата дека применила насилство врз него.

-Насилството врз Агрон беше организиран чин. Но, да знаат дека на крајот ДП ќе биде победник. Демократите каде и да ги сретнат “владините криминалци” да ги гаѓаат со домати и со јајца, порача Бериша.

Според полицијата има приведени, поради насилно однесување.

Од Вера Тодоровска, Тирана Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Приведен градоначалникот на Истанбул во антикорупциска акција

Турција ќе и подари на Албанија „значителен” број дронови камикази

Тоа што не го може Скопје го може Тирана

Сараево: Премиерот поднесе оставка по смртоносната несреќа

Шест полицајци повредени, 56 лица приведени за време на протестите во Србија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Италија го ратификува договорот со Албанија за социјално осигурување, корист ќе имаат околу 500 илјади Албанци

Балкан

ЕУ ќе ја поддржи Војската на Црна Гора со шест милиони евра

Балкан

Спасувачите трагаат по исчезнати по поплавите и свлечиштата во Јабланица

Балкан

Обдукција ќе ја открие вистината – Црна Гора во шок по смртта на две сестри

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?