Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Првиот солистички концерт на виолинистката Емилија Николовска- симбол на почетокот на академското поглавје

Сподели

На 4 септември 2025 година, во свечена атмосфера и пред бројна публика, во концертната сала на хотелот „Аполонија“ во Гевгелија, младата виолинистка Емилија Николовска одржа солистички концерт кој ќе остане длабоко врежан во музичката историја на градот. Настанот, дел од манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, беше симболично одбележување на еден важен пресврт во нејзиниот живот- завршувањето на средното образование во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ во Скопје и започнувањето на нејзиното академско патување на Факултетот за музичка уметност.

Организацијата на овој настан ја презеде ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, училиштето каде што Емилија ги направи првите музички чекори. Ова беше и нивен повод за гордост- сведоштво за успехот на нивната поранешна ученичка, која веќе го зазема своето место на македонската музичка сцена. Во исполнета сала, со присуство на семејството, роднини, професори, пријатели, колеги, ученици и љубители на класичната музика, вечерта доби карактер на културен настан што ретко се случува во еден помал град- со вистински уметничка содржина и силна публика зад неа.

Со внимателно одбрана програма, таа го претстави својот сегашен капацитет како музичар кој поседува широка музичка ширина и техничка зрелост, насочувајќи го вниманието кон нејзиниот понатамошен уметнички развој- или едноставно кажано својот музички јазик на виолина. Концертот започна со комплексните теми на Ј. С. Бах- „Партита бр. 2 во d-moll“ (Алеманда и Куранта), продолжи со енергичните „Синкопи“ од Фриц Крајзлер, ја долови свежината и динамиката на „Пролет“ од А. Вивалди, а следуваше современиот валцер „И валцерот продолжува“ од Едвард Хопкинс. Како врв на програмата, Емилија го изведе првиот став од „Концерт за виолина и оркестар во e-moll“ од Феликс Менделсон. Пијано придружбата ѝ обезбеди професорката по пијано, Емилија Кабранова Филипова, која го доловуваше секој звук и ѝ беше идеален партнер на сцената.

- Advertisement -

На крајот од концертот, аплаузите што одекнуваа во салата беа повеќе од благодарност- тие беа израз на колективна гордост на гевгелиската заедница за својата млада сограѓанка. Мнозинството од присутните ја следат Емилија од нејзините детски настапи во Гевгелија и со радост ја поддржаа во моментот кога таа направи нов исчекор на патот кон професионална музичка кариера. Емилија не се претстави како иден талент- таа веќе е оформен млад уметник, со јасен правец, поддршка и план за понатамошен развој. Тоа го потврди и со овој концерт.

Иако млада (род. 2005 г.), Николовска веќе е препознаена на македонската музичка сцена, со низа освоени награди и настапи во земјава и странство, меѓу кои се издвојува членството во престижниот European Spirit of Youth Orchestra. Нејзиниот прв солистички настан беше вечер кога градот си го слави талентот што сам го одгледал. Во година кога Гевгелија го носи епитетот „град на културата“, оваа вечер беше суштината на таа титула: поддршка на својот уметник, на свое дете што расте пред очите на сограѓаните во вистински професионалец.

Извор:gevgelija.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Амбасади
Приказ на амбасади и дипломатски претставништва на Македонија.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Започна редовната есенска дератизација во Општина Карпош

ОДАС бара од Град Скопје да обезбеди достапен и навремен јавен превоз за учениците и студентите

Јакимовски до Ристовски: Карпош подготвен да ги покрие сите трошоци за базенот и салата „Партизан“

Пожар во Делчево: Багер зафатен од огнени јазици, среќа без повредени

“Зелкаријада” по четврти пат во делчевското село Тработивиште

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Во Делчево одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Локално

Дел од Тафталиџе утре без вода

Локално

Инвестиции во основното образование во Битола

Локално

Герасимовски: Нова практика за подобра комуникација со жителите, претставници во секое маало

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?