Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Путин сака Украина да биде ставена под привремена администрација на ОН

Сподели

Москва, 28 март 2025 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин синоќа рече дека треба да се смета како опција ставањето на Украина, која тој ја нападна во 2022 година, под администрација на Обединетите нации за да се овозможи одржување нови избори во земјата.

– Таква практика постои и во принцип, се разбира, може да се разговара за можноста за привремена администрација на ОН со САД, европските земји и, се разбира, и со нашите партнери и пријатели, рече Путин за време на состанокот со војниците на нуклеарна подморница во базата во Архангелск.

Како што пренесе ДПА, целта е да се одржат демократски избори на кои на власт ќе дојде влада способна да дејствува за мировен договор.

- Advertisement -

– Потоа ќе почнеме преговори за мировен договор, ќе потпишеме легитимни документи кои се признати во светот и се безбедни и стабилни, рече Путин.

Руската влада постојано се обидуваше да го дискредитира легитимитетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Редовниот мандат на Зеленски заврши во мај 2024 година, но не може да се закажат избори поради воената состојба која е во сила веќе три години. Путин, исто така, постојано се повикуваше на нацистички слики и реторика од Втората светска војна за да ја оправда инвазијата на Украина, и покрај фактот што Зеленски е Евреин.

Украинскиот парламент во февруари усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски со јасно мнозинство. Многумина во Украина веруваат дека одржувањето на избори во услови на тековниот конфликт би било непрактично и нефер, бидејќи би било тешко да се обезбеди учество на војници и раселени цивили.

На меѓународно ниво, Зеленски и понатаму е признат како претседател.

Путин, исто така, повтори дека Русија претпочита мирно решение на конфликтот со Украина, „но не на нејзина сметка“.

Тој рече дека е подготвен да преговара – вклучително и со Европејците, но истакна дека Русија нема да биде измамена.

Во воена смисла, рускиот претседател еднаш рече дека е сигурен дека Москва ќе победи. Руските сили веќе зазедоа 99 проценти од Луганската област и повеќе од 70 отсто од областите Доњецк, Херсон и Запорожје, кои Москва исто така ги анектираше.

Од Јасмина Тасевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Киевските сили трпат огромни загуби во Красноармејск

Трамп ги повлече САД од Светската здравствена организација

Трагедија на автобуска станица: Жена и новороденче загинаа во тоалет

Зеленски повторно ги повика западните сојузници да испратат оружје со поголем дострел

Би-Би-Си: Одложено ослободувањето на над 600 палестински затвореници

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Брисел се подготвува за војна иако во моментов нема закана од војна

Орбан најавува одржување референдум за членството на Унгарија во ЕУ

Свет

Хрватска и Грција се најголемите корисници на кохезиски и земјоделски фондови на ЕУ

Свет

Перуанска криза: Мексико во дипломатска конфронтација поради азил на политичарка

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?