Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Автомобилизам

Раст на профитот кај Ауди, пад кај БМВ

Сподели

Ауди соопшти дека во првиот квартал од 2025 година остварил раст на приходите од 12,4 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 15,4 милијарди евра. Оперативниот профит се зголемил за 15 проценти, достигнувајќи 537 милиони евра, објави Танјуг.

Компанијата, која е дел од групацијата Фолксваген, ги потврди своите претходни проекции за заработка за целата фискална година, но предупреди дека тие не го вклучуваат можниот ефект од американските увозни давачки, чии последици, како што се наведува, сè уште не можат да се проценат.

Според официјалната прогноза, Ауди очекува годишни приходи меѓу 67,5 и 72,5 милијарди евра, оперативна профитна маргина помеѓу 7 и 9 проценти и нето паричен тек меѓу 3 и 4 милијарди евра.

- Advertisement -

Во овие проекции не се вклучени ниту можните последици од мартовскиот договор со синдикатите, кој предвидува намалување на бројот на вработени.

Вкупната испорака на возила од Ауди во првиот квартал од 2025 година е намалена за 3,4 проценти на годишно ниво, на 383.401 возило. Но, сегментот на електрични возила на батерии (BEV) бележи значителен раст од над 30 проценти.

Испораките во Кина се намалени за 7 отсто, во Европа за 3 проценти, а во Северна Америка за 2,1 отсто. Од друга страна, домашниот германски пазар забележал раст од 4,8 проценти.

Компанијата и понатаму се опоравува од слабите продажни резултати во претходните години и го забрзува преминот кон електрични возила.

„Нашите клучни бројки за првиот квартал јасно покажуваат дека мора да продолжиме да ја подобруваме нашата ефикасност и конкурентност. Затоа, со полна сила продолжуваме со трансформацијата на Ауди“, изјави финансискиот директор Јирген Ритерсбергер.

Од друга страна, БМВ во првиот квартал од 2025 година бележи пад на профитот од 26,4 проценти на годишно ниво, достигнувајќи 2,2 милијарди евра, главно поради нагло намалување на продажбата во Кина.

Германскиот производител на автомобили соопшти дека во овој период остварил приход од 33,8 милијарди евра, што претставува пад од 7,8 отсто во однос на претходната година, пренесува „Виршафтсвохе“.

БМВ во првото тримесечје продал 586.000 возила, што е за 1,4 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Компанијата се соочува со силна конкуренција од домашните кинески брендови, што негативно влијае врз продажбата на сите европски производители.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Разлики и сличности помеѓу BMW и Audi

Жена предизвика штета од 100.000 долари во автосалон по расправија

Највредни брендови во 2025: Toyota недостижна, Tesla губи милијарди, BYD влегува во игра!

ВИДЕО: Brabus 6×6 XLP 800 Adventure

Новиот кросовер Лада Азимут: Модерна дизајн револуција од АвтоВАЗ

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Автомобилизам

Зошто италијанските производители на автомобили заостануваат зад германските?

Автомобилизам

Дали вреди во Македонија да се купи нова кола?

Автомобилската индустрија во криза: Повеќе продадени возила, но помалку профит

Автомобилизам

Последниот Ferrari Daytona SP3 продаден за неверојатни 26 милиони долари

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?