Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Бизнис и Економија

Раст на трговскиот суфицит на ЕУ во последниот лански квартал

Сподели

Брисел, 7 април 2025 (МИА) – Европската Унија во четвртиот квартал од минатата година забележа суфицит во трговската размена со светот од 113,2 милијарди евра, што претставува негов раст во споредба со претходното тримесечје, кога изнесуваше 107,5 милијарди евра, како и споредено со последните три месеци од 2023 година, кога беше на ниво од 102 милијарди евра, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.

Во четвртиот лански квартал суфицитот на ЕУ во размената на стоки достигна 88,1 милијарди евра, а на услуги 47,4 милијарди евра. Во третиот квартал суфицитот во размената на стоки изнесуваше 86,1 милијарди, а на услуги 38,8 милијарди евра.

Од друга страна сметката на примарниот доход оствари суфицит од 3,7 милијарди евра, што претставува намалување во однос на вишокот од 9,8 милијарди евра во претходното тримесечје, додека сметката на секундарниот доход забележа дефицит од 26,0 милијарди евра, што претставува негово намалување од 27,3-те милијарди евра во периодот јули-септември 2023 година.

- Advertisement -

Дополнително, капиталната сметка оствари дефицит од 5,9 милијарди евра, што претставува намалување во однос на 7,6-те милијарди евра минус во претходниот лански квартал.

Најголем суфицит во периодот октомври-декември 2024 година, ЕУ забележа во трговската размена со Велика Британија од 49,0 милијарди евра, по што следуваат Швајцарија со 28,3 милијарди, финансиските оф-шор центри со 21,7 милијарди, САД со 20,6 милијарди, Канада со 12,8 милијарди, Хонг Конг со 10,6 милијарди, Бразил со 8,4 милијарди и Јапонија со 7,9 милијарди евра).

Од друга страна, најголем дефицит во трговската размена ЕУ има со Кина и тоа од 49,4 милијарди евра, по што следуваат Русија со 1,5 милијарди и Индија 1,3 милијарди евра.

Гледано по земји членки, 18 од нив остварија суфицит во трговската размена со странство, осум забележаа дефицит, а една (Португалија) имаше баланс меѓу увозот и извозот на стоки и услуги.

Најголем суфицит оствари Германија од 50,4 милијарди евра, пред Холандија со 38,9 милијарди, Ирска со 18,2 милијарди, Данска со 15,2 милијарди, Франција со 14,8 милијарди, Италија со 9,9 милијарди евра и Шведска со 9,7 милијарди евра.

Од друга страна, највисок дефицит забележа Романија од 9,4 милијарди евра, пред Грција со 7,3 милијарди, Бугарија со 1,8 милијарди, Словачка со 1,7 и Хрватска со 1,6 милијарди евра.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Амбасади
Приказ на амбасади и дипломатски претставништва на Македонија.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Боинг: Кина не ги презема нарачаните авиони поради царините на Трамп

Финска Olvi ја презема најголемата пивара во Босна и Херцеговина

Шведска на работ на хаос: Како безготовинското општество станува мета на хибридни напади

Ексон Мобил добива зелено светло за враќање во Русија!

ЕУ постигна значаен трговски суфицит од 146 милијарди евра во 2024 година

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

Грција: Клучна точка за американскиот гас во Југоисточна Европа

Бизнис и Економија

Секој петти граѓанин во Македонија живее во сиромаштија – алармантни податоци на ДЗС

Бизнис и Економија

Кина се повлекува: Државните нафтени компании прекинуваат со купувањето на руска нафта

Бизнис и Економија

Samsung вложува милијарди во иднината на вештачката интелигенција

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?