Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Реакции на дел од светските лидери за царините воведени од Трамп

Сподели

Вашингтон, 3 април 2025 (МИА) – Претседателот на САД Доналд Трамп објави серија нови царини, вклучувајќи основна царина од 10 отсто за сите земји и дополнителни, целни царини за одредени земји со изразен трговски суфицит во однос на САД, означувајќи го овој потег како „економска независност“ и историски пресврт во американската трговска политика.

Овие мерки, според него, ќе ја зајакнат домашната индустрија и ќе вратат работните места во САД.

Царините од 25 отсто на сите возила произведени надвор од САД стапија во сила утрово, на 5 април (6:01 часот по македонско време) – основна царина од 10 отсто на целиот увоз од сите земји; на 9 април во 6:01 часот по по македонско време – повисоки, реципрочни царински стапки за „најлошите прекршители“.

- Advertisement -

Реакциите од светските лидери не изостанаа.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе ги нарече новите американски царини „целосно неоправдани“, истакнувајќи дека тие ќе ја променат перцепцијата за односите меѓу САД и Австралија, инаку блиски сојузници. Австралија доби царинска стапка од 10 отсто, а министерката за надворешни работи Пени Вонг предупреди дека овие мерки ќе имаат значително влијание врз стратешки важниот индо-пацифички регион, додавајќи дека Австралија ќе одговори со „сериозност и зрелост“. Сепак, Албанезе нагласи дека Канбера нема да преземе контрамерки, велејќи: „Пријателите не прават вака“.

Ирскиот премиер Михол Мартин изјави дека „не гледа никакво оправдување“ за царините на Трамп и најави дека Ирска, заедно со партнерите во Европската Унија, ќе разгледа како да одговори на пропорционален начин, заштитувајќи ги интересите на европските компании, работници и граѓани. „Судирот никому не користи“, нагласи тој, додавајќи дека Ирска ќе се залага за решенија што ќе ги зајакнат трансатлантските трговски врски.

Британскиот министер за претприемништво и трговија Џонатан Рејнолдс коментираше за царините од 10% на увозот од Обединетото Кралство, велејќи дека владата е фокусирана на преговори за економски договор со САД што ќе ги зачува „чесните и избалансирани“ трговски односи. „САД е нашиот најблизок сојузник“, рече тој, додавајќи дека пристапот треба да остане смирен, но дека „ништо не е исклучено“ и дека владата ќе го брани националниот интерес доколку е потребно. – Никој не сака трговски војни, но имаме алатки и нема да се двоумиме да дејствуваме, предупреди Рејнолдс.

Швајцарската претседателка Карин Келер-Сутер објави на платформата X дека земјата „брзо ќе одлучи за следните чекори“ откако САД воведоа царини од 31 отсто на швајцарската стока, означувајќи ја Швајцарија како еден од „најлошите прекршители“. Во 2024 година, САД извезле стока во Швајцарија во вредност од 25 милијарди долари, додека увезле 63,4 милијарди, создавајќи голем трговски дефицит. Американската администрација во својот годишен извештај ја опиша Швајцарија како протекционистичка земја што користи високи субвенции, увозни рестрикции и царини за да го поддржи својот земјоделски сектор. „Долгорочните економски интереси се приоритет, заедно со почитувањето на меѓународното право и слободната трговија“, напиша Келер-Сутер.

Полскиот премиер Доналд Туск објави на X: „Пријателството значи партнерство. Партнерството значи реални и вистински реципрочни тарифи. Потребни се соодветни одлуки“.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, кој се смета за близок со американскиот претседател Трамп, изјави дека царините наметнати од неговата администрација се „погрешни“ и нема да бидат од корист за САД.

„Ќе направиме се што можеме за да постигнеме договор со САД, со цел да се избегне трговска војна што неизбежно ќе го ослабне Западот во корист на другите светски играчи“, порача Мелони во објава на Фејсбук.

Во секој случај, додаде таа, како и секогаш, ќе дејствуваме во интерес на Италија и нејзината економија, соработувајќи со другите европски партнери. Таа изрази надеж за соработка меѓу Европа и САД за да се избегне ескалација.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон рече дека не сакаат постојано зголемување на трговските бариери.

– Не сакаме трговска војна. Сакаме да најдеме начин да се вратиме на патот на трговијата и соработката со САД, за луѓето во нашите земји да уживаат во подобар живот, посочи тој.

Шпанскиот премиер Педро Санчез истакна дека „Шпанија ќе ги заштити своите компании и работници и ќе продолжи да биде посветена на отворен свет“.

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен посочи во изјавата дека не може да сфати зошто САД сакаат да започнат трговска војна против Европа.

„Никој не победува, сите губат. Наместо да градиме ѕидови, треба да ги уриваме бариерите. Европа ќе остане обединета. Европа ќе обезбеди силни и пропорционални одговори“, рече тој.

– Американски пријатели, денес не е ден на ослободување – тоа е ден на незадоволство. Тарифите на Доналд Трамп не ја бранат фер трговијата, туку ја напаѓаат од страв и наштетуваат на двете страни од Атлантикот. Европа е обединета, подготвена да ги брани своите интереси и отворена за искрени, цврсти разговори, истакна Манфред Вебер, претседател на најголемата партија во  Европскиот парламент – Европската народна партија.

Новиот канадски премиер Марк Карни тврди дека Трамп „зачувал голем број важни елементи“ на комерцијалните односи меѓу Канада и САД.

– Но, тарифите за фентанил сè уште остануваат во сила, како и царините за челик и алуминиум. Ќе се бориме против овие тарифи со контрамерки, ќе ги заштитиме нашите работници и ќе изградиме најсилна економија во Г7, изјави канадскиот премиер..

Карни оцени и дека реципрочните царини на Трамп „суштински ќе го променат меѓународниот трговски систем“.

Министерот за трговија на Нов Зеланд, Тод МекКлеј, изјави дека интересите на Нов Зеланд најдобро ги опслужува свет во кој трговијата тече слободно.

– Билатералните односи на Нов Зеланд со САД остануваат силни. Ќе разговараме со администрацијата за да добиеме дополнителни информации и со нашите извозници за подобро да го разбереме влијанието на оваа најава, рече тој.

Привремениот претседател на Јужна Кореја, Хан Дак-су, истакна дека, со оглед на тоа што глобалната трговска војна стана реалност, владата мора да ги вложи сите свои капацитети за да ја надмине трговската криза.

Тој нареди итни мерки за поддршка за компаниите кои ќе бидат погодени од американските тарифи од 25 отсто, вклучително и за автомобилите, и побара од министерот за индустрија активно да преговара со Вашингтон за да се намали влијанието на тарифите.

Бразилското Министерство за надворешни работи соопшти дека бразилската Влада жали за одлуката донесена од северноамериканската влада, која наметнува дополнителни царини до 10 отсто за целиот бразилски извоз.

„Владата ги разгледува сите можни мерки, вклучително и обраќање до Светската трговска организација, за да обезбеди реципроцитет во билатералната трговија и да ги заштити легитимните национални интереси“, се вели во соопштението.

Колумбиската министерка за надворешни работи Лаура Сарабија рече дека размислуваат за мерки за, пред сè, заштита на националната индустрија и извозниците.

Кинеското Министерство за трговија ги повикува САД веднаш да ги отповикаат овие еднострани царински мерки и соодветно да ги решат трговските спорови преку дијалог со своите партнери.

– Кина цврсто се противи на овој потег и ќе преземе решителни контрамерки за да ги заштити своите права и интереси, рече портпаролот.

Претходно, кинеската државна новинска агенција Синхуа објави коментар во кој тарифите ги нарече „самоуништувачко насилство“ и го обвини Трамп дека „трговијата ја претвори во премногу поедноставена игра на одмазда“.

Кина е можеби најтешко погодена од денешната одлука на Трамп, бидејќи е воведена дополнителна царина од 34 отсто за сите кинески стоки – покрај постојните 20 проценти.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Шпанија продолжува со критики кон Израел: Забраната за оружје останува на сила

Скриено оружје на Москва: Нова фабрика за експлозив може да ја промени рамнотежата на фронтот

Спасувачите на Тајван ја продолжуваат потрагата по 18 исчезнати во разурнувачкиот земјотрес

Сенатот на САД го блокира обидот за ограничување на Трамповите воени овластувања во Венецуела

Абазовиќ: Нема да дозволиме никој да ни го земе Улцињ

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Трамп: Ми треба време за да одлучам за забраната на ТикТок

Свет

Кеш Пател чекор поблиску до директорската функција во ФБИ

Путин: Во Украина ќе се постигнат сите поставени цели

Бела куќа: Бајден одобри воена помош од 567 милиони долари за Тајван

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?