Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Реализиран првиот сертификациски лет од новиот меѓународен аеродром во Валона

Сподели

Тирана, 8 мај 2025 (МИА) – На Меѓународниот аеродром Валона, (VLO), денеска беше реализиран првиот сертификациски лет, со што и официјално е ставен во функција овој аеродром, кој, како што оценуваат надлежните, ќе биде порта кон Јужна Албанија и порта за развој на туризмот.

По слетувањето на авионот, на церемонијата на која присуствуваше премиерот Еди Рама, вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, нагласи дека „меѓународниот аеродром во Валона е најважната инвестиција поврзана со националната гордост и ветување дадено од владата предводена од Еди Рама“.

– Ова е историски момент за Валона, но и за Косово, бидејќи станува збор за вложувања на косовскиот претприемач Беџет Пацоли. Кога го започнавме овој проект, зборувавме за инвестиција од околу 104 милиони евра. Денеска зборуваме за инвестиција од 140 милиони евра. Пистата е сертифицирана денеска и чекор по чекор ќе се продолжат сите процедури за да биде подготвен овој аеродром во текот на летото, да биде оперативен со сите услуги, рече Балуку.

- Advertisement -

Според неа аеродромот ќе работи со 3 бизнис модели: цивилна авијација, одржување на авиони и целосен карго терминал. Се протега на 22 илјади квадратни метри и е со најдолга авио писта на Балканот од 3,2 километри.

Во своето обраќање, Рама оцени дека проектот за изградба на овој аеродром е доста предизвикувачки поради тешкотиите на теренот.

– Сакам да им се заблагодарам на оние кои веруваа во овој проект и работеа на него, кој воопшто не беше лесен и беше исклучително предизвикувачки. Доволно е да се погледне малку подалеку за да се види како целиот аеродром е подигнат два метра над земјата, бидејќи земјата е 2 метри под нивото на морето, и каква извонредна работа е извршена во целиот невидлив дел за да се гарантира солидна платформа од највисоката меѓународна категорија, рече меѓу другото Рама.

Пацоли, чија компанија „Мабетекс“ е дел од конзорциумот за изградба на аеродромот изјави ќе биде многу функционален, дело какво што не е видено во регионот, изразувајќи при тоа задоволство дека тука „ќе бидат вработени повеќе од 1.000 работници, на престижни позиции кои се добро платени“.

Од Вера Тодоровска, Тирана Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

ЕУ ги повика политичарите во БиХ да се воздржат од провокативна реторика

Ердоган ја обвини главната опозициска партија за „фашизам“

Европскиот совет одобри старт на преговорите за членство со БиХ

Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија

Во Босна и Херцеговина уапсен маж по потерница на Интерпол

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Црна Гора на прав пат кон ЕУ: Како успеа да постигне најголем напредок?

Балкан

Катарина Пеовиќ: Време е за класен бунт!

Балкан

Онлајн продавница во Грција казнета со 120.000 евра поради измами на потрошувачите

Доживотна затворска казна за главниот осомничен за сексуална злоупотреба и принудување на проституција на малолетно девојче во Грција

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?