Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Родина: Повик за промена на партискиот систем во Македонија!

Сподели

Повикот на Политичката партија Родина го пренесуваме во целост:

ПОВИК за создавање на народни листи, како и за избор на градоначалници – вистински домаќини, горди Македонци што ќе служат на својот народ!

Драги браќа и сестри,

- Advertisement -

34 години живееме во лага наречена „демократија“!

34 години криминалот царува, корупцијата нè гуши, а послушниците на странски центри и теснопартиски интереси нè продаваат за ситни лични привилегии!

34 години гледаме како недостојни луѓе ги узурпираат највисоките функции, срамејќи нè пред светот!

34 години тонеме: наталитетот паѓа, смртноста расте, нашите млади ја гледаат иднината надвор од татковината! Болници и дискотеки ни горат, патишта ни се полни смрт, несреќите се нижат, а системот прави театар од нашите трагедии!

ДОСТА Е!

Македонецу, ти имаш света должност да го срушиш овој гнил систем и да изградиш нова, праведна Македонија! Родина Македонија се роди од срцата на вистинските борци – активисти што се кренаа за одбрана на нашите национални, колективни и индивидуални права! Ние знаеме: системот се менува одвнатре, со храброст, со акција, со народна сила!

Нашата визија е јасна: најдобрите да бидат први во служба на македонскиот народ!

Овој декадентен систем сака да нè замолчи, да ги згасне сите независни и народни иницијативи. Ги менуваат законите, го стеснуваат просторот за слобода, но ние нема да се предадеме!

Нашите барања се јасни:

  • Да го чуваме нашето свето име – Македонија, нашата историја и идентитет!
  • Секој народен водач да се бори против корупцијата и криминалот, да биде пример за правда и чест!
  • Да го заштитиме нашиот дом од урбаната мафија, да ги спасиме водата, почвата и воздухот со строги македонски закони!
  • Да создадеме услови за враќање на секој иселен Македонец во својата родна грутка!
  • Правда и закон за сите – крај на партиската држава!

СЕГА Е ВРЕМЕТО!

„Родина Македонија го упатува овој повик до сите поединци – родољуби, родољубни движења, политички партии, организации, здруженија и други заинтересирани субјекти кои не се финансирани од странски центри, а кои сакаат да работат за народниот интерес. Секој од нив, во зависност од местото на живеење, односно општина во која живеат и дејствуваат, може да се ангажираат во формирањето на народните листи застапувани од Родина Македонија на претстојните локални избори, а притоа формално и да не се членови на Партијата.“

Време е Македонците да се заинтересираат за политика и политиката да не биде депонија на одродените човечки души, кои го носат севкупниот пад!

Кренете се, браќа и сестри! Ова е повик за сенародно движење, за будење на македонскиот дух! Заедно ќе ја вратиме Македонија на вистинскиот пат – патот на слободата, правдата и гордоста!

ВРЕМЕ Е! МАКЕДОНИЈА Е НАША!

Доста беше СДС, 

Доста беше ДПМНЕ!

Контакт информации:

Родина Македонија,

Централа: Ул. 27 МАРТ, Бр.10/1-2 (влез 1), Скопје-Центар

Тел: +389 70 403 439; +389 70 403 413

Е-пошта: contact@rodina.org.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Обвинетите во случајот „Геријатрија“ се изјаснија за невини

6 септември: Спектакуларно финале во Гевгелија на „Баскерфест Карван 2025“

Нов пристап и подобрена инфраструктура: Завршена изградбата на улицата „Новопланирана сервисна 2“ во Блок 5- „Касарна“

Вицепремиерот Фетаи избегнува да комуницира на македонски јазик

Бебе во тешка здравствена состојба оставено во центар на Велес, случаен минувач го однел в болница

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

На денешен ден 2002 година амнестирани Али Ахмети, Велиу и Шаќири

Македонија

СДСМ објави нови кандидати за градоначалници во Македонија

Македонија

Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот за заштита од пестициди

Локално

Започна изградбата на модерен парк со детско катче крај станбениот комплекс на булевар „Гевгелија“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?