Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Русија и Белорусија планираат заеднички воени маневри

17.05.2025 08:56
Сподели

Москва, 16 мај 2025 (МИА) – Русија и Белорусија подготвуваат заеднички голем нов воен маневр, објавија денеска белоруските медиуми.

-Планираме заеднички да развиеме мерки за спротивставување на агресијата врз Сојузната држава, изјави рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов за време на состанокот со неговиот белоруски колега Виктор Кренин во Минск. Сојузната држава ги спојува Русија и Белорусија.

Вежбата, наречена „Запад-2025“ („West-2025“), ќе биде главниот настан на борбената обука на регионалните формации на војници, рече тој. Маневрот е планиран за средината на септември, според медиумите.

Банер Банер BrandEcho

Белорусија има планирано бројни маневри оваа година, вклучително и заеднички со својот сојузник Русија.

Одржувањето на вежбите беше одлучено на претседателско ниво, изјави белорускиот лидер Александар Лукашенко, исто така за време на состанокот со Белоусов. „Немаме намера да нападнеме никого, како што мислат некои“, рече тој, веројатно насочено кон Западот.

Ad image

На Минхенската безбедносна конференција во февруари, украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитирајќи разузнавачки извори, изјави дека Кремљ планира да премести трупи во Белорусија. „Распоредувањето ќе биде маскирано како заеднички воен маневар“, рече тој.

Минск и Москва се блиски сојузници. Лукашенко им дозволи на руските трупи да ја нападнат Украина од неговата земја кога рускиот претседател Владимир Путин ја започна својата целосна инвазија на соседната земја.

Распоредувањето на руски трупи околу Украина, вклучително и на белоруска територија, потоа беше прогласено за воена вежба. Подоцна, Путин стационираше тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

Во минатото, Русија и Белорусија спроведоа воени вежби под името „Запад“. За време на големиот маневар во 2021 година, беа вклучени до 200.000 луѓе и стотици единици борбена опрема, според руските информации во тоа време.

НАТО ја критикуваше воената вежба.

Од Марија Спасовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Албанците се рангирани по Грузијците за принудно враќање од земјите на ЕУ во 2024 година

Шеф на руска индустрија: Т-14 „Армата“ е прескап тенк за да се користи во Украина

Путин: Саудиска Арабија би била добар домаќин за мировни преговори

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Бројот на бездомници во САД зголемен за 18 отсто

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Гори кулата на готската катедрала во францускиот град Руан

Романија воведува „притвор“ за непримерните ученици

Свет

Пентагон ќе испрати уште 3.000 активни војници на границата меѓу САД и Мексико, соопштија американски официјални претставници

Ким Џонг Ун пречека херојските војници од Курскиот регион

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?