Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Руски воздушни напади врз Киев и Лавов, Полска ги активира воздушните сили

Сподели

Киев, 24 март 2024 (МИА) – Русија рано утринава почна воздушни напади врз Киев и Лавов, соопштија официјални лица, што ги натера вооружените сили на соседна Полска да ги активираат авионите за да го осигураат  својот воздушен простор во близина на границата.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм изјави дека неколку експлозии се слушнале во главниот град откако системи за противвоздушна одбрана биле вклучени во одбивањето на нападот, пренесува Хина.

-Украинските сили за воздушна одбрана уништија десетина проектили лансирани од Русија врз Киев и во близина на главниот град, изјави за Телеграм Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев.

- Advertisement -

Прелиминарните информации покажуваат дека во нападот врз Киев нема жртви или поголема материјална штета, додаде тој.

Русија со денови ја напаѓа Украина во напади кои Москва ги прикажува како одмазда за украинските напади за време на неодамнешните претседателски избори.

„Веќе трето утро неделава цела Украина е под воздушна тревога и се советува да има засолниште“, објави рано утринава американската амбасадорка во Украина, Бриџит Бринк, на платформата X

Руското Министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето за коментар.

Во големиот напад врз Лавов, руски ракети летаа во близина на границата со Полска, објави украински Телеграм.

„Полските и сојузничките авиони се активирани, што може да резултира со зголемување на нивото на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, соопштија полските вооружени сили на X.

Русија рано утринава накратко го наруши полскиот воздушен простор со една крстосувачка ракета, лансирана кон цели во западна Украина, соопштија полските вооружени сили.

„На 24 март, во 04:23 часот,  полскиот воздушен простор беше нарушен со една  од крстосувачките ракети со долг дострел лансирани во текот на ноќта од Военото воздухопловство на Руската Федерација“, соопштија полските вооружени сили на платформата X. „Објектот влегол на полска територија во близина на градот Осердов и останал во воздушниот простор 39 секунди. Во текот на целиот лет бил набљудуван од воени радарски системи“, додаваат пшолските вооружени сили.

Од Сашко Димевски Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Платен промет
Шифри за платен промет и ознаки на општини.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Зеленски: Поддршка за Молдавија е клучна за стабилноста на Европа

Република Српска: Референдумот како израз на народната волја

Србија е меѓу државите за кои САД воведоа највисоки царини

Во Пакистан четири лица осудени на смрт поради бласфемија

Десет лица осудени за клевета на првата дама на Франција

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Населението во Кина опаѓа трета година по ред, економијата расте за пет проценти

Северна Кореја тестира стратешки крстосувачки ракети море-земја

Свет

Нобелова добитничка повикува на војна интервенција: Дали мирот е само илузија?

Трамп најавува контроверзни мерки против Сорос

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?