Градоначалникот на филипинскиот град Шариф Агуака, Акмад Митра Ампатуан, преживеал обид за атентат откако кон неговото оклопно возило била истрелана противтенковска граната. Во нападот била погодена неговата „Тојота Ленд Крузер“, но тој поминал без повреди, објавува Inquirer.net.
Инцидентот се случил во неделата, на 25 јануари. На прес-конференција одржана следното утро, Ампатуан изјави дека не може со сигурност да каже кој стои зад нападот, ниту дека има јасни индикации за мотив. Според него, можно е последниот инцидент да е поврзан со претходни обиди за негово ликвидирање.
Тој потсети дека првата заседа против него се случила во 2010 година во градот Гиндулунган, а нови обиди за атентат биле регистрирани и во 2014 и 2019 година во Шариф Агуака. Последниот напад, како што наведе, е четврти по ред.
Ампатуан, кој го извршува својот втор градоначалнички мандат, истакна дека целосно ќе ѝ ја препушти истрагата на Филипинска национална полиција. Воедно, изрази подготвеност да им помогне на семејствата на тројцата осомничени кои биле убиени за време на полициската потера по нападот.
„Доколку на нивните родители им е потребна помош, подготвен сум да излезам во пресрет“, изјави Ампатуан.
Во посебно радио-интервју, бригадниот генерал Џејсен Де Гузман, директор на Регионалната полициска канцеларија за Автономниот регион Бангсаморо, соопшти дека истрагата е во тек и дека сè уште се утврдува идентитетот и профилите на убиените осомничени.
DETIK-DETIK MOBIL DITUMPANGI WALIKOTA SHARIFF AGUAK, FILIPINA, DI SERANG MENGGUNAKAN RPG👀‼
Serangan bersenjata menargetkan Wali Kota Shariff Aguak, Filipina, Datu Akmad Mitra Ampatuan, pada Ahad (25/1/2026) pagi.
Insiden terjadi di kawasan Poblacion, Shariff Aguak, Provinsi… pic.twitter.com/N7pCY5o4UL
— Radio Elshinta (@RadioElshinta) January 26, 2026



