Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Се укинуваат контролите на внатрешните воздушни и поморски граници на Бугарија и Романија со Шенген зоната

Сподели

Брисел, 31 март 2024 (МИА) – Денеска стапува во сила одлуката на Советот на ЕУ од декември минатата година за укинување на аеродромските и пристанишните гранични контроли при патувања меѓу Бугарија и Романија и останатите членки на Шенген зоната.

Покрај отворањето на воздушниот и поморскиот Шенген простор за Бугарија и Романија, во двете земји од денеска се применуваат и шенгенските правила, вклучително и издавањето Шенген визи. Контролите на копнените граничи премини на Бугарија и Романија со земјите од Шенген зоната и натаму остануваат во сила.

Честитајќи го, како што наведе, приемот на Бугарија и Романија во Шенген зоната, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека денешниот е важен ден за ЕУ.

- Advertisement -

– Го поздравувам укинувањето на контролите на внатрешните воздушни и поморски граници. Ова е голем успех за двете земји и историски момент за Шенген зоната – најголемата област на слободно движење во светот. Заедно, градиме посилна и пообединета Европа за сите наши граѓани, порача Фон дер Лајен.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според ЕК, од минатиот декември, двете земји ги презеле сите неопходни мерки со цел од денеска да обезбедат непречена примена на Шенген правилата.

- Advertisement -
Банер

За таа цел на почетокот на овој месец беа договорени Рамки за соработка на Европската комисија со Бугарија и Романија во управувањето со границите и миграцијата, кои се надоврзаа на Пилот-проектите со двете земји за побрзи процедури за азил и депортација започнати во март 2023 година.

– Со овие Рамки за соработка, Романија и Бугарија дополнително ќе придонесат за зајакнување на соработката за граничната контрола и миграцијата, како и за заедничките европски напори за зајакнување на безбедноста на надворешните граници на ЕУ и за справување со миграциските предизвици, посочува ЕК.

Фокусот во соработката во овие Рамки е ставен на поддршката на мерките за граничното управување, азилот, системот за враќање на мигрантите и засилената полициска соработка во Шенген зоната. Како дел од активностите за поддршка на имплементацијата на Рамките, Европската комисија најави финансиска поддршка од 85 милиони евра од Инструментот за гранично управување и визи за периодот 2021-2027 година, со цел подобрување на националните капацитети на двете земји на надворешните граници на ЕУ.

Комисијата потсетува и дека беше воспоставена и регионална иницијатива за полициска соработка помеѓу земјите членки на ЕУ низ кои минуваат балканската и источномедитеранските миграциски рути – Бугарија, Романија, Австрија, Грција, Унгарија и Словачка.

– Ова ќе овозможи заеднички и на одржлив начин да се решат и останатите предизвици, вклучително и оние поврзани со прекуграничниот криминал. Бугарија и Романија континуирано демонстрираа високо ниво на посветеност во обезбедувањето соодветна заштита на надворешните граници на ЕУ и постојано делуваа како клучни придонесувачи за внатрешната безбедност на Шенген зоната, додава Еврокомисијата.

Потсетувајќи дека за одлуката за укинување на контролите и на внатрешните копнени граници на Бугарија и Романија со другите земји од Шенген зоната треба да ја усвои Советот на ЕУ, ЕК нагласува дека ќе продолжи да ја обезбедува сета неопходна поддршка со цел таа биде донесена уште во текот на оваа година.

Од Сашко Панајотов Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

КФОР: Ситуацијата во Косово останува кревка – политичкиот дијалог е клучен за траен мир

Шокантен инцидент во Бар – Младич осомничен за силување и закани

Албанија е една од 10-те земји во светот со најзагаден воздух

ЗИМСКА БУРА ВО БИХ Патиштата затворени поради снег

Словенија забележа рекорден раст во железничкиот превоз на патници

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Словенија ѝ предложи на Хрватска нова нуклеарна централа

Во Хрватска започна бојкот на продавници и бензински пумпи поради високите цени

Балкан

Набрзо ќе профункционира аеродромот во Валона

Балкан

Конфликт околу изградбата на културен центар во Мостар: Бошњачка асоцијација бара прекин на проектот

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?