„Ако некогаш те донесе патот драги малечок пријатели во Кочани тогаш продолжи уште неколку километри во правец на Делчево ако сакаш да се сретнеш со една нова населба Каменица македонска“. Со овие зборови започнува емисијата „Откривање“ емитувана на РТВ Скопје во 1973 година.
А во емисијата централно место зазема Македонска Каменица и делчевското село Ѕвегор претставени низ објективот на камерата на Васил Василевски.