Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Шмихал: Само притисок врз агресорот може да стави крај на војната во Украина

Сподели

Загреб, 30 јануари 2025 (МИА) – Украинскиот премиер Денис Шмихал за време на посетата на Загреб изјави дека официјален Киев сака војната да престане, но дека одлуката не е нивна и оти верува дека Доналд Трамп ќе го искористи целосното влијание на САД преку санкции и дипломатски притисок врз Владимир Путин.

Шмихал во интервју за ХРТ рече дека Украина платила огромна цена во однос на бројот на загинати цивили.

– Украина се бори, оваа борба трае веќе три години, ние ги одвраќаме Русите и во тој процес изгубивме повеќе од 12.000 цивили, околу 600 деца, а нашата инфраструктура е оштетена, рече Шмихал.

- Advertisement -

Тој додаде дека украинската енергетска инфраструктура е оштетена и оти Украина, како што рече, „трпи напади на дневна основа“.

Тој вели дека поддршката од партнерите како Хрватска им овозможува да се борат и им се заблагодари на хрватската влада и парламент за тоа.

– Никој не сака мир како Украина. Ние сакаме војната да престане што е можно поскоро, но одлуката не е наша. Русија е агресор, Русија не нападна нас и само Русите можат да ја запрат оваа војна. Владимир Путин во моментов нема причина да ја запре војната. Само откако преку заеднички притисок и преку санкции ќе ги зајакнеме одбранбените сили на Украина, можеме да ја запреме војната, рече украинскиот премиер, кој вчера беше во Загреб каде домаќин му беше неговиот хрватски колега. Андреј Пленковиќ.

Зборувајќи за улогата на САД во постигнувањето мир, украинскиот премиер истакна дека политиката на Доналд Трамп за „мир преку сила“ е во согласност со украинските принципи.

– Доналд Трамп, американскиот претседател, е силен лидер. Неговиот пристап на „мир преку сила“ е во согласност со нашите принципи. Без притисок врз агресорот, тоа ќе биде невозможно. Целиот притисок мора да биде насочен кон агресорот, рече Шмихаи и изразу верување дека Трамп ќе го искористи целосното влијание на САД преку санкции и дипломатски притисок врз Путин и ќе го доведе на преговарачка маса.

– Во моментов Украина нема директна комуникација со тимот на претседателот Трамп, но верувам дека тоа ќе се промени, рече Шмихал.

Тој, исто така, се осврна на улогата на Европската унија во одржувањето на макроекономската стабилност на Украина и истакна дека Украина во иднина може да биде столб на европската безбедност.

– Украина ја штити својата територија, но ние ги штитиме и источните граници на Европската унија. ЕУ одигра клучна улога во обезбедувањето финансиска и воена поддршка за време на оваа војна. Средствата обезбедени од Европската комисија ни помогнаа да обезбедиме макроекономска стабилност. Тоа ни овозможува да ја одвратиме руската агресија на бојното поле, рече украинскиот премиер.

Од Јасмина Тасевска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за електрична енергија
Пресметај колкав износ за електрична енергија ќе платиш според потрошувачка.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Макрон: Европа мора да биде подготвена за војна ако сака мир

ОН бараат 3,3 милијарди долари за помош на украинските бегалци

Во Србија подарок од 5.000 евра за секој купувач на електричен автомобил

Полска: Русија регрутира агенти за да се меша во изборите во Полска

Балканот во 2024 година

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Граѓаните на Црна Гора добиваат шанса за директно инвестирање во државни обврзници

Перуанската претседателката Дина Болуарте под нова истрага за наводна тајна операција на носот

Свет

Трамп издаде наредба за враќање во служба на војниците кои одбиваа да се вакцинираат од Ковид

Свет

Ден 1,417 од војната Русија-Украина: Клучни настани и нови развојни ситуации

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?