Форбс анкетираше над 12 илјади иселеници кои се иселиле од својот град/држава и се преселиле во друг град/држава. Целта на анкетата е да се открие кои градови ширум планетата се најдобри за живот.
Анкетираните лица живеат во 53 различни градови во 35 земји. За волја на вистината Македонија не е дел од ова истражување, но што воопшто би правело Скопје на оваа листа кога е и онака на врвот по загаденост во Светот?
Што се однесува до ранг листата, на првата позиција е Валенсија пред Малага и Аликанте. Тоа значи дека сите први три градови се лоцирани во Шпанија. Изненадувачки во горниот дел на листата е Панама Сити (4) како и Мексико Сити (5). Географски најблизок град кој се најде на оваа листа е Атина. Грчката престолнина е на 15. позиција, а можеби никој не би претпоставил дека во топ 25 градови е и Најроби, главниот град на Кенија.
Целосната листа може да ја погледнете во продолжение.
1. Valencia, Spain
2. Málaga, Spain
3. Alicante, Spain
4. Panama City, Panama
5. Mexico City, Mexico
6. Bangkok, Thailand
7. Madrid, Spain
8. Abu Dhabi, UAE
9. Dubai, UAE
10. Vienna, Austria
11. Lisbon, Portugal
12. Kuala Lumpur, Malaysia
13. Basel, Switzerland
14. Muscat, Oman
15. Athens, Greece
16. Luxembourg City, Luxembourg
17. Ho Chi Minh City, Vietnam
18. Amsterdam, Netherlands
19. Copenhagen, Denmark
20. Ras Al Khaimah, UAE
21. Barcelona, Spain
22. Zurich, Switzerland
23. Stockholm, Sweden
24. Taipei, Taiwan
25. Nairobi, Kenya