Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Си-Ен-Ен отпушта 200 вработени поради обнова на својата програмска и дигиталната стратегија

Сподели

Вашингтон, 23 јануари 2025 (МИА) – Американската ТВ мрежа Си-Ен-Ен отпушта околу шест отсто од работната сила, или околу 200 вработени во традиционалната студиска продукција, во обид да ја задоволи новата публика во време на Доналд Трамп која забрзано емигрира на дигиталните платформи.

Како што изјавија денеска од телевизијата, новинската мрежа на Си-Ен-Ен, која постои веќе 45 години, ја очекуваат значајни промени како нова програмска шема во работните денови и обновена дигитална стратегија.

Извршниот директор Марк Томпсон, објави дека наскоро се воведува нова стриминг услуга, редизајниран дигитален формат и нови услуги за претплатниците, како и нова ТВ програма. Warner Bros. Discovery, компанијата-мајка на Си-Ен-Ен, вложува 70 милиони долари во дигиталните планови на телевизијата, изјави Томпсон.

- Advertisement -

Во известувањето до вработените тој изјави дека ќе се отворат многу нови работни позиции, така што компанијата не очекува значителен пад на вкупниот број вработени до крајот на годината.

-Нашата цел е едноставна: да ја насочиме тежината на Си-Ен-Ен кон платформите и производите каде публиката се префрла, и со тоа да ја обезбедиме иднината на една од најголемите новински организации во светот. Америка и светот повеќе од кога и да е имаат потреба од висококвалитетни, објективни и доверливи извори на вести. Овој тежок и понекогаш болен процес на промени е единствениот начин да се осигураме дека сè уште можеме со обезбедување на тоа, се вели во дописот.

Отпуштањата беа очекувани бидејќи мрежата го ревидира и реорганизира својот начин на работа, со фокус на дигитален раст. Речиси сите големи новински мрежи се соочуваат со пад на гледаноста и приходи откако гледачите и читателите се префрлаат на други, дигитални платформи, како социјални мрежи, подкасти и Јутјуб видеа.

Си-Ен-Ен летоска отпушти 100 луѓе, или околу 3 отсто од вработените, а како дел од реорганизацијата на своите операции за собирање вести.

Од Борис Камчев, САД/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Нов пакет санкции од Брисел за Москва

Североисточниот дел на Монтреал под вода поради пукање на водоводна цевка

Шведска ќе обезбеди речиси 127 милиони евра помош за Украина

Чилеанските комунисти се противат на американската интервенција во Карибите

Турција реагира на изјавите на Нетанјаху за геноцидот над Ерменците

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Гуаидо ја обвинува Делси Родригез за диктатура и криминал

Свет

Унгарија подготвена да биде посредник во дијалогот меѓу САД и Русија

Лавров: Русија ќе продолжи да ѝ помага на Африка да ги зајакне своите одбранбени капацитети

Свет

Зеленски првпат призна присуство на украински сили во руската Белгородска област

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?