Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Религија

Соопштение за празникот Успение на Пресвета Богородица

Сподели

Соопштение на Манастирот „Св. Јован Бигорски“ по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Во таинствениот сјај на овој средишен месец август, кога природата вирее со своето краснородие, мајката Црква ни го поставува пред нас величествениот и најумилен празник – Успението на Пресвета Богородица, не како оплакување на смртта, туку како прв плод на Воскресението, како летна Пасха, исполнета со неизречива радост и светлина.

Оваа година, соборното празнување на нашата монашка заедница на празникот на Сечесното Успение на Мајката Божја ќе биде преместено во манастирот Пречиста Кичевска, во пространиот и величествен храм посветен токму на Неа, каде што во текот на изминатиот период се создадоа прекрасни услови за со особена радост и торжество да се слави овој најголем Богородичен празник.

- Advertisement -

Бдението во Пречиста ќе започне на 27 август, во 22:30 часот – сеноќно богослужение на љубовта, во кое ќе се сплетат човечката посветеност и небесната утеха, земната привременост и вечниот живот.

Божествената Литургија на 28 август ќе започне околу 7 часот изутрина , и со неа ќе чиноначалствува нашиот почитуван старец, Преосвештениот Епископ Антаниски г. Партениј.

Со срдечна љубов и монашка радост ве покануваме сите верни, жедни за молитва, за убавина, за духовно веселие, да ни се придружите во ова славословие на Животот. Да ѝ принесеме на Богородица не солзи на оплакување, туку на благодарност; не чувства на тага, туку на надеж и радост; не крај, туку вечен почеток.

„Со Успението свое, Богородице, од смртта нè избави, бидејќи ти си Мајка на Животот бесконечен.“

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Бигорскиот манастир го одбележа празникот Преображение Господово

Реставрирани уникатни уметнички дела од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар

Честитка од архиепископот Стефан до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил

Папата Лав Четиринаесетти ги повика светските сили да ги прекинат сите војни

Папата Франциск се моли за жртвите во силниот земјотрес во Југоисточна Азија, соопшти Ватикан

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Религија

Италијански кардинал осуден за проневера и измама изјави дека нема да учествува во конклавата за избор на нов папа

Религија

Папата ги засили критиките кон Израел, нарекувајќи ја ситуацијата во Газа „срамна“

Бигорскиот манастир го одбележува празникот посветен на светите Петар и Павле

Религија

Кој ќе го замени Франциск? Ова се најверојатните кандидати за папа: Меѓу нив има неколку истакнати кардинали

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?