Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Религија

Соопштение за типикот на вечерната богослужба за Прочка

Сподели

Светата Православна Црква уште од самиот почеток на изминатава седмица, која уште се нарекува „предворје на покајанието“, „претпразненство на воздржанието“, „предочистителна седмица на св. пост“, итн. низ богослуженијата повикуваше на срдечно покајание, кое носи прошка на гревовите, со што би ни се отвориле дверите на вистинскиот пост. А, како се отвараат дверите на покајанието и на вистинскиот пост, особено се забележува во евангелската содржина од сирната недела: „Бидејќи, ако им ги простите на луѓето гревовите нивни, и вам ќе ви ги прости вашиот Отец Небесен; а ако не им ги простите гревовите на луѓето, ни вашиот Отец нема да ви ги прости вашите….“ (Матеј, 6, 14 – 21).


Tипик на вечерната богослужба за Прочка, за 2025 година

Бигорското светилиште, кое отсекогаш го негува богослужбениот ред, ја практикува оваа служба во целост. Така, и оваа година ги повикуваме верниците да земат учество во споменатава богослужба, која ќе започне недела, 02.03.2025 (недела) со почеток во 17:00 часот. Службата завршува со Великопосната молитва на Св. Ефрем Сирин, која е проследена со големи поклони, како и со меѓусебното големо простување на верниците и монасите.

Затоа светите отци за овој последен ден пред постот предвиделе специфична богослужба, давајќи на верните можност да си побараат прошка едни на други и така да направат добар почеток на светиот Пост. Во духот на оваа, првично монашка традиција, таа неделна вечерна богослужба во Бигорскиот манастир е вистинско доживување за сите присутни, кои во голем број се собираат овде за со искрено покајание и измирување со другите, достојно да се подготват за посниот подвиг. А глетката во храмот навистина го стоплува срцето и побудува на покајание. Очите се полнат со солзи, додека наоколу се разлеваат трогателните и отрезнувачки вечерни стихири, а покајното расположение достигнува врв со посебните коленопреклони молитви, што игуменот на свештениот манастир, епископот Партениј, со особено умиление ги чита пред сите присутни, измолувајќи од Бога прошка и благослов за претстојниот свет пост.

На сите нека им е благословен почетокот на Великиот пост, едни со други да се помириме и да си простиме.

Исповед кај Старецот и другите духовници од манастирот ќе има преку сите викенди и обични денови за постот, со исклучок за време на Тримирот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Денеска се празнува Светиот маченик Јаков Персиец

Испратени како јагниња меѓу волци – приказната за Седумдесетте Апостоли

Зошто младите денес не одат во црква – и сè помалку веруваат во Бога?

БИГОРСКИ МАНАСТИР: Соопштение и покана за Божикните празнувања

Зошто се слави Василица – традиции и обичаи

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Религија

Папата Лав XIV повикува на солидарност со имигрантите и критикува економскиот систем

Религија

Честитка од архиепископот Стефан до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил

Религија

Прочка – празник за проштавање и очистување од гревовите

Религија

Папа Лав Четиринаесетти: Момент е за дијалог и градење мостови

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?