Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Стејт департмент: САД се во редовен контакт со владини функционери за прашања од меѓусебна загриженост

Сподели

Вашингтон, 20 август 2024 (МИА) – САД се во редовен контакт со владини официјални лица за прашања од меѓусебна загриженост, изјавија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањата дали САД имаат информации за наводен ризик од дестабилизација во Северна Македонија, како што предупреди премиерот Христијан Мицкоски, како и дали на оваа тема разговарале со македонската влада.

– Додека генерално не обезбедуваме соопштенија од дипломатски состаноци, ние сме во редовен контакт со владини функционери за широк спектар на прашања од меѓусебна загриженост, одговорија од прес-службата на Стејт департментот.

Мицкоски, при посетата на Царинската управа на 15 август, рече дека високи функционери во поранешни влади се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен и да „провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија“.

- Advertisement -

-Индиции имаме за елементи, кои што располагаат со огромни милионски суми на пари, дел од нив се и високи функционери во поранешни влади и кои што се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголемиот дел да манипулираат, и она што мене посебно ме загрижува е тоа што се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа е она кое што најмногу ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин тие не може да мобилизираат луѓе, и сега единствениот начин е да испровоцираат ваков тип на конфликт. Тоа нема да го дозволиме. Апелирам, и до јавноста, и до медиумите и до граѓаните, да се воздржат од какви било провокации, да ги игнорираат, порано или подоцна сторителите на овој тип на провокации ќе одговараат, изјави Мицкоски.

Гласот на Америка потестува дека Мицкоски, за време на прес-конференцијата со косовскиот премиер Албин Курти на 5 август во Скопје, рече дека има информации од повеќе канали оти раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе преземе чекори во насока на дестабилизација на државата, во обид да го заштити капиталот што партијата го создавала изминативе 20 години.

ДУИ ги негираше изјавите на Мицкоски, додека на почетокот на јуни најави дека ќе стори се` во рамките на демократските мерки за да го спречи „понижувањето на Албанците“.

– ДУИ е државотворна партија, а непостоечките тврдења на премиерот Мицковски за сценарија за дестабилизација се невистинити и претставуваат намерни и опасни владини сценарија за обвинување други за да се дефокусира јавноста од недостатокот од резултати и секојдневни владини скандали, соопшти ДУИ.

Во врска со изјавите на Мицкоски за потенцијална нестабилност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова рече дека нема да го свика Советот за безбедност, бидејќи сметала дека за тоа нема потреба.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, пак, побара од Мицкоски доколку има информации за можна дестабилизација да ги достави до надлежните институции.

– Информациите за дестабилизација кои два дена по ред ги пласира премиерот предизвикуваат немир кај граѓаните, а негова лична одговорност е да превенира таква состојба. Доколку тој сам не ги сподели информациите, ги повикувам истражните органи да поведат постапка и ги истражат овие наводи“, напиша Филипче на „Фејсбук“ на 5 август.

Коалицијата „ВРЕДИ“ кажа дена ги нема информациите со кои располага премиерот Мицкоски.

Од Сашо Арсовски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за електрична енергија
Пресметај колкав износ за електрична енергија ќе платиш според потрошувачка.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Денот на Републиката – 2 август неработен за сите граѓани

3 септември: „Имагинација“- 4. самостојна изложба на дела од Тања Трајкова

Кривична пријава против 12 лица македонски државјани и 1 странец, за 45 кривични дела поврзани со криумчарење луксузни возила како и фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба

Исполнето децениско барање – изграден пат до црквата во Мрзенци

Завршена реконструкцијата на улицата „Атанас Ѓуров“ во Прдејци

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Хроника

Семејно насилство во Скопје: Хрватски државјанин осомничен за напад на бремена сопруга

Хроника

Сообраќај под лупа: 180 казни во еден ден – најмногу за паркирање, телефонирање и небезбедно возење

Локално

Општина Пробиштип со јавен повик за доставување на проекти и програми од граѓански организации и правни субјекти

Локално

Комшиска тепачка: Делчевец и каменичанец се степале во казино

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?