Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Стејт департментот годинава ги изостави правата на Македонците во Бугарија од извештајот за човекови права

Сподели

Во најновиот годишен извештај за човековите права на Стејт департментот на САД, изненадувачки е изоставена секоја критика за прекршување на правата на македонското малцинство во Бугарија. Овој пресврт доаѓа по минатогодишниот извештај за 2023 година, во кој посебен дел беше посветен на забраната за регистрација на македонските здруженија и кршењето на слободата на здружување.

Тогаш се наведуваше дека Бугарија „и понатаму одбива да ги регистрира активистичките групи на етничките Македонци“, и покрај бројните пресуди од Европскиот суд за човекови права (ЕСПЧ), кои утврдуваат повреда на ова основно право.

Сепак, во годинашниот извештај нема ниту еден спомен за правата на македонското малцинство, ниту за непочитувањето на пресудите од страна на бугарските власти. Ова изоставување предизвикува загриженост, особено поради фактот што темата досега беше постојан дел од американските извештаи за Бугарија и се смета за удар врз позицијата на Македонија во дипломатскиот спор со Софија.

- Advertisement -

Бугарија игнорира 16 пресуди од Стразбур

Бугарија сè уште не спровела најмалку 16 пресуди на Европскиот суд за човекови права поврзани со регистрацијата на македонски организации, вклучувајќи ја Обединетата македонска организација „Илинден“, Здружението на угнетени Македонци – жртви на комунистичкиот терор, и културниот клуб „Никола Вапцаров“ во Пловдив.

Во февруари годинава, Окружниот суд во Пловдив повторно одби регистрација на „Илинден“, со образложение дека нивните цели – официјално признавање на македонско етничко малцинство – наводно создаваат услови за етнички конфликт. Апелацискиот суд ја потврди одлуката во мај.

Од вкупно 16 добиени пресуди во корист на македонските здруженија, дури 11 се однесуваат на „ОМО Илинден – Пирин“. Првата таква пресуда е донесена уште во 2001 година.

Сепак, наместо да преземе мерки, Бугарија испрати допис до Советот на Европа во кој ги обвинува македонските власти за „политизација“ и наводна логистичка, финансиска и дипломатска поддршка за здруженијата.

ОБСЕ и ОН: Загриженост за малцинските права

Комитетот за елиминација на расна дискриминација при Обединетите нации во својот извештај од 2023 година ѝ препорача на Бугарија да ги зајакне гаранциите за човекови права на етничките малцинства, со фокус на македонската и помачката заедница. Комитетот, исто така, повика на доследно спроведување на пресудите од ЕСПЧ, особено оние што се однесуваат на слободата на изразување и здружување.

Извештајот го скратува и делот за корупцијата

Освен темата за малцинствата, годинашниот извештај е значително пократок – само 19 страници, наспроти 52 лани – и не ги опфаќа ниту проблемите со корупцијата во Бугарија, кои беа редовна тема во претходните години.

Сепак, се забележуваат проблеми со слободата на медиумите, како и пораст на антисемитизам. Според извештајот, говорот на омраза, особено антисемитски изрази, сè почесто се појавуваат на социјалните мрежи и во онлајн медиумите. Организацијата на бугарските Евреи „Шалом“ изразила сериозна загриженост за ширењето на антисемитизмот, прикриен под форма на антиционизам.

Американскиот извештај ги споменува и протестите пред Националниот театар во Софија минатата есен, поради претстава на режисерот Џон Малкович, како уште еден пример на тензии во културниот и општествениот простор во Бугарија.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Нападнал полицаец за време на незаконит риболов

Аеродром: Станете волонтер на Европскиот младински олимписки фестивал!

Мицкоски: Судиите и обвинителите не заслужуваат плата од 350.000 денари со само 2% доверба

20. „Марш за ангелите“ во Кочани: Семејствата бараат правда

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Програмски содржини по повод 7 Септември – Денот на ослободувањето на Кочани

Хроника

Осомничен за убиството во Старата чаршија уапсен на Косово, почнува постапка за екстрадиција

Македонија

Сериозен предизвик: Детските бракови во Македонија продолжуваат да бидат проблем

Локално

Трагичен инцидент во Делчево: Работник почина по пад од висина

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?