Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Стотици илјади луѓе учествуваа на протестите низ САД против Трамп и Маск

Сподели

Вашингтон, 6 април 2025 (МИА) – Стотици илјади луѓе учествуваа на повеќе од 1.400 протести низ сите 50 сојузни држави на САД против претседателот Доналд Трамп и американскиот милијардер Илон Маск, кој е на чело на Одделот за ефикасност на владата (ДОГЕ), објавија светските медиуми.

Си-Ен-Ен и некои други медиуми објавија дека милиони луѓе учествувале на протестите, организирани од продемократското движење.

Организаторите на демонстрациите велат дека се против, како што го нарекуваат, „непријателско преземање“ и напад врз американските права и слободи од страна на Трамп и Маск.

- Advertisement -

Протести се одржаа во главните градови на американските држави, федералните згради, канцелариите на Конгресот, централата за социјално осигурување, парковите и градските сали низ САД.

Организаторите на протестот ги поканија сите кои се противат, меѓу другото, на нападите врз демократијата, кратењето на работните места, депортацијата на мигрантите и отстранувањето на правата на ЛГБТК заедницата, да се приклучат на демонстрациите.

Организаторите на протестот вклучуваат, меѓу другото, организации за граѓански права, ветерани, групи за правата на жените, работнички синдикати и групи за правата на ЛГБТКју.

Од 28 март, Трамп отпуштил најмалку 121.360 вработени во федералната агенција, според Си-Ен-Ен.

Според организаторите, околу 150 активистички групи се пријавени за учество на протестите.

Некои демонстранти носеа украински знамиња, додека други носеа палестински кефии и натписи „Слобода за Палестина“.

Помошникот на прес-секретарот на Белата куќа, Лиз Хјустон ги оспори обвинувањата на демонстрантите дека Трамп има за цел да ги намали трошоците за социјалното осигурување и Medicare за ранливите.

Додека протестите продолжија низ целата земја, Трамп го помина денот играјќи голф на Флорида.

Освен во САД, протести против Трамп и Маск се одржаа и во повеќе европски градови, меѓу кои Берлин, Франкфурт, Лондон и Лисабон.

Од Марија Спасовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Жителите на Гренланд излегуваат утре на клучни избори

Ким Џонг Ун сака да го зајакне нуклеарниот штит

Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно

Контроверзии околу изградба на Исламски центар во Мостар – Градот не издаде дозвола

САД: 14-годишно девојче пронајдено мртво, очувот во притвор!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Путин во Кина: Западот виновен за украинската криза

Балкан

Словенија ѝ предложи на Хрватска нова нуклеарна централа

Свет

Уганда: Гром усмрти 14 лица во бегалски камп

Свет

Белата куќа реагира на новата епизода на „Јужен Парк“ која го исмева Трамп

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?