Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Тафталиџе 1 добива нова модерна градинка

Сподели

Денеска, започнаа градежните работи, со кои ќе се руши стариот објект и ќе се изгради  нов  модерен  објект на градинката „Мајски Цвет“,  во населбата Тафталиџе 1. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, истакна дека по повеќе од шеесет години, стариот објект, кој бил од дрвена конструкција, ќе се замени со нов еколошки,  енергетски  ефикасен, асеизмички отпорен и сместувачки  објект за најмалите карпошани по сите европски стандарди.

  • Станува збор за инвестиција од 108 милиони денари со вклучен  ДДВ и морам да нагласам дека сум исклучително задоволен, што  токму најмалите   жители  на населбата  Тафталиџе 1, ќе бидат згрижувани и воспитувани во нов модерен објект од  цврста градба, изграден  по сите предвидени стандарди за ваков тип на објекти. Во договор со фирмата „Сандра Инженеринг“, е предвидено со банкарска гаранција , новата градинка да биде изградена за деведесет денови, со што практично  наесен, дечињата од оваа урбана заедница ќе се вратат во новоизградената  градинка, во една покомфорна средина со сите потребни реквизити  и дидактички материјали, потребни за нивниот детски психофизички развој, потенцираше Јакимовски.

Првиот човек на Општина Карпош, најави изградба на четири нови занимални во градинката „Пролет“ во населбата Влае 1, како и изградба на целосно нов објект на градинката „Пролет“ во населбата Козле, односно позната како „Пролет-Канела“.

  • Исто така, предвидено во иднина е да се изградат и градинки во населеното место Злокуќани, како и две нови во населбата Нерези, една за дечињата од македонска и една за дечињата од албанска националност. Со тоа практично, ќе го решиме проблемот со сместувачките капацитети  на најмалите жители  во Општина Карпош, бидејќи и според последниот попис се потврди, дека бројот на населението  во нашата  општина се зголемува, истакна Јакимовски.

Општинскиот татко, го нагласи и проблемот со дефицитот на персонал и работен кадар во градинките, односно недостатокот на воспитувачки и негователки, кој влијае  врз квалитативното воспитување и згрижување на дечињата и ги повика сите надлежни институции да се усогласат и да го решат овој горлив проблем:

- Advertisement -

–           Ги повикувам и Министерството за финансии, Министерството за  социјална политика, демографија и млади и други надлежни инстутиции, да овозможат нови вработувања во градинките во Општина Карпош, бидејќи, постојано се соочуваме со одлив на кадар, преку одење во пензија, а нови вработувања  нема. Дотолку повеќе што , бројот на жители постојано се зголемува во нашата локална самоуправа, а со тоа и потребата од проширување на постојните и изградба на нови сместувачки капацитети за нашите најмали жители.  Напоменувам, дека овој проблем го имаме, не само со актуелната влада, туку постојано се провлекувал и со сите претходни влади, дециден  беше градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Градоначалникот Јакимовски, најави и изградба на две спортски сали во иднина  на територијата на Општината, со што  уште повеќе ќе се придонесе за збогатување на спортскиот живот на младите и  сите карпошани.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Завршена реконструкцијата на улицата „Атанас Ѓуров“ во Прдејци

Отворени „Деновите на кочанскиот ориз 2024“, Марија Стаменкова избрана за жетварска убавица

Трка во чест на Иле – возачот на Брза помош, кој возеше 11 пати од Кочани за Скопје на денот на трагедијата во „Пулс“

Глумово без вода поради дефект на водоводната мрежа

Дел од Карпош 3 без вода поради санирање на дефект

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Отворањето на изложбата „Регенерација“ на уметниците Ивановска, Зафировска и Кировска во Битола

Локално

Исполнето децениско барање – изграден пат до црквата во Мрзенци

Локално

6 септември: Спектакуларно финале во Гевгелија на „Баскерфест Карван 2025“

Локално

Водата во Скопје е безбедна за пиење

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?