Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Интересно

Тажната приказна зад Радин мост

24.03.2024 08:09
Сподели

Радин мост е најпознатиот мост на Кратово кој е и најпознатата знаменитост во овој град. Се наоѓа на крајот на градот, во Чаир Маало. Изграден е на две кули високи 28 и 29 метри.

Историјатот за мостот покажува дека тој датира уште од 14 век кога познатиот мајсто Раде изградил мост познат под името Радев мост. На двете страни од мостот имало стражарници на кои се наплаќала патарина во натура. Околу 1820 година мостот бил уништен откако претходно бил погоден од гром.

Но легендата за мостот е нешто друго. Според истата мостот го граделе деветмина браќа, но како граделе, така преку секоја ноќ тој постојано се рушел. Еден ден сите браќа се договориле која од нивните сопруги ќе им донесе ручек утредента, таа да ја заѕидаат во темелите на мостот, верувајќи така дека тој повеќе нема да се руши.

Банер Банер BrandEcho

Сите браќа им кажале на сопругите утре да не им носат ручек – освен најмладиот кој заборавил. Утредента, младата Рада го зготвила ручекот и го однела на мајсторите. Како што бил договорот така и направиле. Младиот брат ги молел, ги преколнувал браќата да не го прават тоа, ја молел и Рада да му прости бидејќи заборавил да ѝ каже, но веќе било доцна. Последната желба на младата Рада била да и ја остават десната града да си го дои малото си машко дете, која и била исполнета. Оттогаш до ден денес се прераскажува легендата за младата Рада, која е заѕидана во темелите на „Радин мост“.

Оваа легенда е опеана во народната песна „Мост ми ѕидаја девет мајстора“.

Мост ми ѕидат девет мајстора
девет мајстора, до девет браќа.
Мост ми ѕидат во Кратово
во Кратово, на река Манцева.

Дење го ѕидат, ноќе мост им паѓа
се опкладиле деветте браќа:
која ќе снаа утре да дојде
ручек да донесе на мајсторите
нејзе ќе ја в’ темел заѕидаме
да ни затрае мост на реката.

Вечерта кога дома дојдоа
сите им кажале на невестите,
само не ѝ кажа најмалото братче
он не ѝ кажа на Рада невеста.

Станала Рада ручек зготвила
ручек им однела на мајсторите.
Kога ја видело Радино момче
викнало оно на глас да плаче.

Кога ја фанаа Рада девери
ја заѕидаја во темели.
Рада на девери милно се моли:
– Барем остајте ми десната града.

Барем остајте ми десната града
за да си надојам машкото дете.
Ѝ оставија десната града
за да си надои Рада единче.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Топ-20 листа на среќни градови во светот

Просечниот животен век на Кинезите достигна 79 години

Кој го поседува Дедо Мраз?

Формула 1 болид или дрон? Кој е побрз? (ВИДЕО)

Дали сме навистина осамени – или само не знаеме како да бидеме со себе?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Интересно

Ајдин Османовиќ ја испеа „Заветна“ како честитка за Илинден

Интересно

Како пропадна „југословенскиот Лас Вегас“?

Добри вести од 2024 година кои можеби сте ги пропуштиле

Интересно

Еден автомобил за целото село: Соседите во Франција години споделуваат стар Citroen вреден само 500 евра

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?