Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Технологија

ТикТок демантира дека кинеската Влада ќе му ја продаде платформата на Маск: Тоа е чиста фикција

Сподели

Пекинг, 14 јануари 2025 (МИА) – ТикТок го отфрли како „чиста фикција“ извештајот во кој се тврди дека кинеската влада размислува да ја продаде платформата на Илон Маск за да избегне забрана во САД.

Блумберг Њуз објави дека кинеските власти се во прелиминарни разговори за потенцијална продажба, за да се избегне забраната што треба да стапи во сила доколку кинескиот сопственик БајтДенс (ByteDance) не го продаде својот бизнис во САД до 19 јануари.

Во извештајот, во кој се цитираат неименувани луѓе запознаени со ова прашање, се вели дека едно сценарио за кое се дискутира би вклучувало спојување на ТикТок со платформата X на Маск.

- Advertisement -

Блумберг наведе дека не е јасно како Маск, најбогатиот човек во светот со проценета вредност од повеќе од 400 милијарди долари, ќе ја изврши оваа трансакција и дали ќе мора да продаде некоја од неговите други компании за да го купи ТикТок.

Одговарајќи на извештајот, портпаролот на ТикТок изјави за Ал Џезира дека не може да се очекува да коментираат „чиста фикција“.

Врховниот суд на САД ја разгледува уставноста на евентуалната забрана, откако ТикТок поднесе правен приговор против Законот за заштита на Американците од апликации што ги контролираат други земји (Foreign Adversary Controlled Applications Act).

За време на усните расправи во петокот, судот се чинеше дека е склон да ја потврди забраната, при што повеќето судии не беа убедени во аргументот на ТикТок дека присилната продажба би го прекршила Првиот амандман на Уставот на САД, кој ја гарантира слободата на говорот.

Претседателот во заминување Џозеф Бајден го потпиша законот за ТикТок во април 2024 година, поради загриженоста за наводните ризици за националната безбедност.

Демократските и републиканските пратеници изразија загриженост дека платформата може да се користи за собирање лични податоци на Американците и манипулирање со јавниот дискурс.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп, чија инаугурација е на 20 јануари, вети дека ќе ја „спаси“ платформата за време на претседателската кампања, што е пресврт од обидот да ја забрани апликацијата за време на неговиот прв мандат.

Од Јасмина Тасевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за електрична енергија
Пресметај колкав износ за електрична енергија ќе платиш според потрошувачка.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Sony повторно се враќа во Русија: Регистрација на познатите брендови Xperia, Walkman и Bravia

Италија воведува нови правила за вештачка интелигенција

Мали организми, голема важност: Коколитофоридите во борба против CO2

Шефот на Google: Не се потпирајте слепо на алатите за вештачка интелигенција

Како AI влијае на работните позиции според Microsoft

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Технологија

Естонија прва во светот ќе воведе четботови во сите училишта

Технологија

Се работи на нова верзија на „Плејстејшн 5“

Технологија

Facebook повторно на удар: Хакери нудат податоци од 1,2 милијарди корисници

Технологија

Кина бара да не се политизираат трговијата и технологијата откако Јужна Кореја го забрани ДипСик

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?