Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Анализа

Тодоровски за операцијата „Моќта на Лавот“

13.06.2025
Сподели

Стручна анализа на воениот аналитичар Дарко Тодоровски

Операција „Моќта на Лавот“
На Блискиот Исток започна голема војна. Израел започна „превентивна операција“ против Иран. Премиерот Нетанјаху го нарече она што се случува одлучувачки момент во историјата на земјата. Веројатно е во право. Но и на регионот. Новиот Блиски Исток е реалност.
Израел искористи 200 различни борбени авиони за да го нападне Иран, кои истрелаа повеќе од 330 различни ракети, бомби. Складишта за балистички ракети, нуклеарниот објект Натанз и една од клучните воздушни бази се погодени и уништени.
Израелската разузнавачка агенција Мосад спроведе серија саботажни операции дури и пред нападите врз Иран за да ги онеспособи клучните борбени капацитети (ПВО системи и радари) на Иранската револуционерна гарда и на иранската армија.
Агентите на Мосад и командосите тајно прошверцувале „прецизно оружје“ (дронови камикадзе, ракети Spike) во Иран пред неколку недели и поставиле тајна база со беспилотни летала, кои ги користеле за онеспособување на иранската ПВО одбрана, радари и балистичките ракети.
Прво биле уништени ПВО системите и радарските станици за рано предупредување во Западен Иран, по што небото за израелските борбени авиони, балистички ракети и бомби било чисто. 13 борбени авиони на иранските воздухопловни сили беа соборени за време на ноќните воздушни битки со авионите на израелските воздухопловни сили.
Општо земено, што може да се каже за првите часови. Израел тргна по патот на целосна војна со Иран. Израелските напади започнаа со лансирање балистички ракети лансирани од воздух од авиони на израелските воздухопловни сили од воздушниот простор на соседен Ирак, а можело да се користи и разни дронови камикази, крстосувачки ракети итн. Израелските саботажни групи сигурно биле активирани во Иран. Нападнати се разни воени, командни и индустриски објекти во различни делови од земјата. Погодени се станбени области во различни градови каде живееле генералите и нуклеарните физичари. За време на израелските напади, дел од иранската висока воена команда е убиен, вклучувајќи го и началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, генерал Мохамед Багери, началникот на Централниот штаб „Хатам ал-Анбија“, генерал Голам-Али Рашид, врховниот командант на Иранската револуционерна гарда на Иран, генерал Хосеин Салами, како и некои ирански нуклеарни физичари. Практично иранскиот воен врв како и нуклеарни физичари се убиени. Целостно фиаско на иранските служби.
Го чекаме иранскиот одговор, стотици балистички и хиперсонични ракети, како и дронови.
Едно е сигурно, не чекаат интересни денови. Блискиот Исток никогаш нема да биде истиот после ова.
Мапа на иранските нуклеарни објекти што беа погодени од израелски авиони вечерва.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Што знаеме, а што не за Гренланд?

Дали Украина ќе ја плати цената на Сирија?

Станува ли Пакистан нов играч во воената арена на арапскиот свет?

Турција на крстопат: Може ли да се ослободи од руската енергија?

Зошто на Трамп и САД му треба Гренланд? – Анализа на Дарко Тодоровски

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Анализа

Цените во Белгија со тенденција на опаѓање, но и натаму повисоки од лани

Анализа

Раст на приходи, пад на добивка: парадоксот на Стокомак во 2024 година

Анализа

Пад на приходите за 20 %, но профит од 3,9 милијарди денари – „Џонсон Мети“ со стабилен резултат во 2024

Светот во 2024/ Политичка криза во Франција, дипломатски бум на Макрон

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?