Токио, 26 септември 2024 (МИА) – Претседателот на јапонската компанија „Тојота“, Акио Тојода, потврди денеска дека нема да продолжи соработката, која траеше изминатите десет години, со Олимписките и Параолимписките игри.
Од најголемата светска фабрика за производство на автомобили посочија дека ќе продолжат финансиски да ги поддржуваат спортистите без да прецизираат во каква форма.
Тојота е вториот голем долгорочен спонзор кој го напушти олимпиското движење овој месец. Претходно, компанијата „Панасоник“ ја прекина соработката со Олимписките игри која траеше 37 години.
Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) објави дека во периодот од 2017 до 2021 година од спонзорства заработил 2.295 милијарди долари, додека од продажба на телевизиски права инкасирал дополнителни 4.544 милијарди долари.
Од Емил Гашевски извор МИА