Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Трајановски најавува револуција во урбанизмот и социјалната грижа во Скопје

Сподели

Кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата „Искуство за успех“, Александар Трајановски, објави амбициозен план за решавање на проблемите со паркирањето и подобрување на условите за старите лица во градот. Според неговите најави, нови катни гаражи ќе се изградат во близина на Зоолошката градина и во Дебар Маало, а паралелно со тоа, ќе се реализира и проект за современи пензионерски домови.

„Време е да ставиме ред и хармонија таму каде што со години владее хаос. Со новите катни гаражи конечно ќе се ослободи јавниот простор и ќе се реши паркирањето во една од најоптоварените зони во градот,“ изјави Трајановски. Планирано е изградба на две катни гаражи со по две подземни нивоа, опремени со современ систем за управување со паркирањето, полначи за електрични возила и зелен покрив.

Во рамките на овој проект, ќе биде изграден и современ пензионерски дом, кој е дел од петте нови домови предвидени во програмата на Трајановски. „Овие домови нема да бидат недостижни луксузни објекти, туку достапни, човечки и прифатливи за секој што има потреба од грижа. Градот Скопје ќе обезбеди субвенции за сместување, за граѓаните да не мора да плаќаат баснословни суми за достоинствена старост,“ истакна Трајановски.

- Advertisement -

Програмата предвидува изградба на пет нови пензионерски домови, кои ќе располагаат со вкупно 300 нови апартмански капацитети за сместување на стари и изнемоштени лица. Овие домови ќе бидат опремени со современи стандарди, вклучувајќи медицинска грижа, дневни центри, паркови и простори за социјализација.

Дополнително, Трајановски најави и субвенции за младите семејства, со цел да им се олесни грижата за постарите членови на семејството и да се поттикне солидарноста меѓу генерациите. „Скопје мора да биде град што се грижи за младите, за старите, за сите. Нашата визија е град кој гради решенија, не проблеми – град што им помага на луѓето да живеат достоинствено и спокојно,“ порача Трајановски.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
ТВ Архива
Приказ на над 200 архивски видеа од Македонија.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Свекорот уапсен по напад на снаата

Општина Карпош објави оглас за финансиска поддршка на проекти од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2025 година

Претреси во Академијата за судии и јавни обвинители

Објавени нови милионски договори: кој доби најмногу пари од државата?

Топол почеток на учебната година – Општина Крива Паланка со поддршка од 3000 денари за секое прваче

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Уапсени тројца во Куманово – украле делови од автобус среде село!

Македонија

Трамп упати честитка до Сиљановска Давкова по повод Денот на независноста

Хроника

Полицијата уапси возач во Прилеп – товарно возило летало повеќе од двојно над дозволеното

Македонија

Лишени од слобода 17 лица затоа што пуштале музика и не ја почитувале одлуката на Владата за седумдневна жалост

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?