Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Трамп го сака Гренланд и неговите 55.000 граѓани на ЕУ; Европската унија нема коментар

31.12.2024 01:41
Сподели

Брисел, 27 декември 2024 (МИА) – Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека американското поседување и контрола на Гренланд е неопходност, но Европската унија нема коментар за тоа. Иако огромното мнозинство жители на Гренлан се граѓани на ЕУ, дипломатската служба на ЕУ, позната како Европска служба за надворешни работи (ЕЕАС), даде само кратки одговори на прашањата на Политико.

„Можам да ви понудам брз одговор: не коментираме коментари“, рече Ануар Ел Ануни, портпарол на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Гренланд, автономна данска територија, не е во ЕУ, но е класифициран како „прекуморска територија поврзана со ЕУ“.

Банер Банер BrandEcho

Од речиси 57.000 луѓе кои живеат на островот богат со минерали, само околу 2.000 не се Данци, што значи дека населението е главно составено од граѓани на ЕУ.

Трамп во неделата изрази обновен интерес за купување на Гренланд – откако првично го стори тоа во 2019 година – и исто така го именуваше својот нов амбасадор во Данска: ко-основачот на PayPal и поранешен амбасадор на САД во Шведска, Кенет Хаури.
„За целите на националната безбедност и слободата низ целиот свет, САД сметаат дека сопственоста и контролата на Гренланд се апсолутна неопходност“, наведе Трамп во објавата на Truth Social.

Ad image

„Гренланд е наш“, објави премиерот на територијата, Муте Егеде, на Фејсбук во понеделникот.

„Не сме на продажба и никогаш нема да бидеме на продажба“.

Егеде инсистираше на тоа дека Гренланд им припаѓа на неговите жители, кои не смеат да ја загубат „долгата борба за слобода“.

Официјално, Копенхаген се согласува со ставот на Егеде.

Неколку часа откако Трамп ги објави своите коментари, Данска објави дека ќе ги зголеми трошоците за одбрана на Гренланд на најмалку 1,3 милијарди евра.

Владите на Гренланд и Данска не одговорија веднаш на барањето на Политико за коментар.

Од Златко Шумковски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

УНИЦЕФ: Целото население на северот од Газа е под смртна закана

Народот на Еквадор се подготвува за отповикување на претседателот Нобоа

Италија ја забранува бурката – Нов закон предизвика бура низ земјата

Британската разузнавачка служба ќе се потпре на темната мрежа за нови регрутирања

Украина доби француски борбени авиони „Мираж“ и холандски ловци „Ф-16“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

СРБИЈА: Возач од 65 години со Mercedes “прелета” со 207 км/ч!

Свет

Десетмина обвинети за сексуално вознемирување на првата дама на Франција

Трамп: “Спремен сум за преговори со Бразил”

Свет

Евростат: Лани во ЕУ работеле 362.400 професионални пожарникари

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?