Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не гледа потреба од апсење на рускиот лидер Владимир Путин, одговарајќи на новинарски прашања за време на состанок со челници на водечки нафтени компании во САД.
Прашањето било поставено во контекст на неодамнешните американски потези против Венецуела и претседателот Николас Мадуро, по што Трамп бил запрашан дали сличен пристап би можел да се примени и кон Русија. Американскиот претседател одговори дека досега имал добри односи со Путин, но не го криеше разочарувањето од развојот на настаните поврзани со војната во Украина.
„Завршив осум војни. Искрено верував дека оваа ќе биде полесна или барем ќе заврши побрзо“, изјави Трамп, алудирајќи на конфликтот во Украина, без притоа да навлегува во конкретни дипломатски детали.
Тој додаде дека и понатаму верува во можноста за постигнување договор што би довел до крај на војната, истакнувајќи дека е оптимист за дипломатско решение, иако не прецизираше ниту временска рамка, ниту конкретни чекори што би следеле.
DOOCY: Would you ever order a mission to capture Putin?
TRUMP: I don’t think it’s going to be necessary. I’ve always had a great relationship with him. I’m very disappointed. pic.twitter.com/5QD8HnQ65g
— Aaron Rupar (@atrupar) January 9, 2026

