Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Трамп сака да го укине летното сметање на времето

Сподели

Вашингтон, 14 декември 2024 (МИА) – Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека кога ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, неговата Републиканска партија ќе се посвети на „укинување на летното сметање на времето“ во САД за да се избегне сезонското поместување на часовниците. „Летното сметање на времето е незгодно и многу скапо за нашата земја“, објави Трамп на својата платформа Truth Social.

Илон Маск, мултимилијардерот кој неодамна беше назначен од Доналд Трамп да раководи со комисијата за намалување на владините трошоци, ја коментираше анкетата на неговата социјална мрежа Х кон крајот на ноември, која покажа дека повеќе од 80 отсто од гласачите во САД сакаат да се укине летното сметање на времето.

„Изгледа луѓето сакаат да се укинат досадните промени на часовникот! напиша шефот на SpaceX и Tesla.

- Advertisement -

Но, желбата на Доналд Трамп да го укине летното сметање на времето се чини дека е во спротивност со мнозинскиот став на Републиканската партија, која во 2022 година подготови нацрт-закон тоа да стане трајно, пренесува Индекс.хр.

„Промената на времето е застарен концепт, кој е извор на фрустрации и конфузија“, тврдеше тогаш сенаторот Марко Рубио, авторот на нацрт-законот, кого Трамп го номинираше за свој државен секретар.

Според Рубио, има директна причинско-последична врска меѓу промените на часовникот и зголемувањето на срцевите удари и сообраќајните несреќи и ги промовираше потенцијалните корисни ефекти на постојаното летно сметање на времето врз економијата.

Во 2019 година, кога Марко Рубио го иницира овој закон, претседателот Доналд Трамп твитна: „Во ред е летното сметање на времето да биде трајно!

Некои американски законодавци сакаат да се задржи зимското сметање на времето во текот на целата година, некои бараат да се остане на летно сметање, додека други се да се задржи статус кво. Претседателот Џо Бајден никогаш не заземал јавен став по ова прашање.

Од Сашо Арсовски /МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Правобранителот на Украина против мобилизација на 18-годишни момчиња

Универзитетот во Гент предупреди на академските ризици од соработката со САД под администрацијата на Трамп

Маж организирал сопствена погребна церемонија за да види колку љубов ќе добие

Ердоган ја поддржува поделбата на Кипар: Нови политички текови

Хидроелектрана во Херцеговина: Дали еколошките последици вредат за енергијата?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Тинејџерка загина во напад на руски дрон во Киев

Свет

Русија го обвини Западот за мешање во изборите во Молдавија и Грузија

Свет

Сијарто: Американските санкции против НИС ќе доведат до поскапување на нафтата на европскиот пазар

Зеленски: Трамп нема план да стави крај на војната

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?