Државјаните на Република Турција доминираат во полицискиот билтен денеска. Во три одделни инциденди, два во Скопје и еден во Тетово.
Првиот настан се случил на 5 јануари околу 17:50 часот, кога државјанин на Турција бил пресретнат и физички нападнат од две лица на подрачјето на Бит Пазар.
Вчера во 21:35 часот на автопатот Гостивар – Тетово во близина на селото Жеровјане, во полициска акција спроведена од службеници на СВР Тетово уапсени се две лица и тоа С.С. (31) од Гостивар и Ч.Ј.Б (24) од Република Турција. МВР против истите поднесе кривична пријава поради тоа што се обиделе да платат гориво со фалсификувани евра.
Третиот инцидент се случил вчера во 22:20 часот. А.Ј.Е. (27), државјанин на Република Турција, пријавил дека истиот ден околу 19:15 часот на територија на Гази Баба, заедно со неговата сопруга биле ограбени од таксистот што ги превезувал при што му биле одземени парите.
СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

