Во централното градско подрачје на Скопје претпладнево бил пријавен физички напад врз двајца странски државјани, по расправија поврзана со сместување.
Според информациите од полицијата, на 31 јануари околу 13 часот во СВР Скопје, Р.Б. (64) и Ј.Б. (41), двајцата од Украина, пријавиле дека околу 11:30 часот на подрачјето на Скопје, во населбата Центар, по претходно недоразбирање околу резервација за сместување, биле физички нападнати од едно лице.
По настанот, случајот бил пријавен во полиција, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на инцидентот и утврдување на идентитетот и одговорноста на напаѓачот.
Засега нема информации за тежината на повредите, ниту за тоа дали осомниченото лице е приведено.


