Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

УНИЦЕФ ги критикуваше плановите за преземање на дистрибуцијата на хуманитарна помош во Газа

Сподели

Женева, 9 мај 2025 (МИА)  – Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска ги критикуваше плановите за преземање на дистрибуцијата на хуманитарна помош во Газа, кои беа презентирани во четвртокот од Израел и САД, и предупреди дека тие ќе го влошат страдањето на децата и семејствата.

Меѓу хуманитарната заедница циркулира предлог за основање Хуманитарна фондација за Газа, која би дистрибуирала храна од четири „безбедни места за дистрибуција“, што потсетува на плановите што ги објави Израел претходно оваа недела, а кои предизвикаа критики дека наскоро ќе го влошат раселувањето на населението во Газа.

Американскиот Стејт департмент претходно изрази мислење дека решението што би овозможило испорака на помош во храна во Газа е „на хоризонтот“ и дека наскоро ќе биде објавено, пренесуваат британските медиуми.

- Advertisement -

-Се чини дека изгледот на планот што Израел и го презентираше на хуманитарната заедница веројатно ќе ги зголеми страдањата на децата и семејствата во Појасот Газа, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер.

Тој додаде дека неговите забелешки се однесуваат и на новата фондација, која ја разбира како дел од истиот широк план.

Хуманитарната заедница веќе ги отфрли сите планови што би ѝ дале на Израел улога во дистрибуцијата на помошта во Газа, наведуваат британските медиуми.

Меѓутоа, во документот на Фондацијата се наведува дека локациите ќе бидат „неутрални“, а американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, денес изјави дека Израел нема да биде вклучен во дистрибуцијата на помошта.

Сепак, Елдер рече дека користењето на вакви центри, за кои фондацијата вели дека првично ќе им служат на 300.000 луѓе секој ден, би создало ризици за децата и семејствата додека бараат помош и би довело до понатамошно раселување.

-Користењето на хуманитарната помош како мамка за принудно раселување, особено од север кон југ, ќе создаде овој невозможен избор – избор помеѓу раселување и смрт, рече Елдер, кој бил на неколку мисии во Газа откако започна војната меѓу Израел и Хамас пред 19 месеци.

Според него, се чини дека таков план е смислен со цел да се зајакне контролата врз областите што се клучни за опстанок, со цел да се изврши притисок.

Наместо тоа, тој го повика Израел да ја укине блокадата за влегување на помош во енклавата, која трае повеќе од два месеци и поттикнува широко распространет глад и предизвикува загриженост за зголемување на смртните случаи поврзани со неухранетост.

-Постои едноставна алтернатива – укинување на блокадата и дозволување на хуманитарната помош да спаси животи, рече Елдер.

Израел од 2 март го забрани влезот на хуманитарна помош на палестинската територија, каде што води војна против милитантното палестинско движење Хамас.

Од Сашко Димевски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Трагедија во Романија: Шест деца починаа од бактериска инфекција во болница

Најмалку 14 луѓе загинаа во автобуска несреќа во Непал

Трагедија која ја обележа Австралија: Убиството на Рачел Чајлдс останува неразјаснето

Европската унија воведува забрана за руски течен природен гас до 2027 година

Анкета: Мнозинството Германци ја поддржуваат идејата за меѓународни мировни сили во Украина, но без учество на германската армија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Израел и Иран најавиле примирје, но конфузијата останува

Русија жестоко го нападна Киев – експлозии, пожари, жртви…

Тинејџери нападнати во библиотека – еден во болница со тешки повреди

Свет

Италија презема строги мерки против фрлањето ѓубре на јавни места

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?