Уште само два дена до јубилејниот настап на Пука Козметика по повод 30 години од бендот. Во сабота, 13 декември, во Младински Културен Центар со почеток од 20:00 часот започнува роденденот на пионерите на македонскиот рап.
Браќата Масларковски со интензивни подготовки најавуваат вистински спектакл со бројни гости.
„Гости на настанот се рапери кои ги почитуваме и сакаме да ги слушаме како Туте, Нож, Сам, Дре, Багзи, Рибио, Скитер, Пецо Исток, Негро, а секако отстапуваме и дел за млади емсиња како Крафи, Жабата Леон ММ млад диџеј, како и Диџеј Номадузз кој е дел од Пука Козметика од 2004 та и е нашето креативно крило сите дизајни се негово ремек дело. Би упатиле и еден длабок поклон и вечна памет за братот Скипи од Прилеп кои требаше да настапи, но летна кон рајските градини на 09.12.2025. Нека почива во мир и нека се помни неговата добрина многу години“, се наведува во најавата за настанот.
Билетите по цена од 300 денари можете да ги набавите преку karti.com.mk.

▶ Случајно видео