Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Утринско предупредување: Снег, забрани и опасни делници за возење

Сподели

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ во најновиот извештај објавен во 07:31 часот. Поради обилните снежни врнежи, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на патниот правец од Мавровска крстосница кон Маврово и Дебар.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сепак, од АМСМ апелираат на зголемена внимателност, прилагодена брзина и строго почитување на сообраќајната сигнализација, особено на делниците што минуваат низ котлини, клисури и речни долини, каде постои ризик од одрони. Како критични се посочуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Потсетување до возачите дека од 15 ноември е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите возила, независно од моменталните временски услови, и таа ќе важи до 15 март 2026 година.

- Advertisement -

Во сила останува и сезонската забрана за сообраќај на патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица, која важи до крајот на март, а затворен е за сите видови возила.

Паралелно, на повеќе патни делници во земјава се изведуваат градежни активности. На Коридор 10, на делницата Прилеп – Битола, сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат Р1101. На скопската обиколница, на државниот пат А2, во тек е рехабилитација на делница од 250 метри помеѓу клучките Волково и Кондово, при што левата лента за претекнување е затворена, а сообраќајот се одвива по преостанатите ленти.

На експресниот пат Крива Паланка – Страцин, во близина на селото Петралица, сообраќајот се регулира наизменично поради градежни активности, со рачна регулација преку ден и семафори во вечерните часови. Дополнително, на регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост е воведен времен режим поради санација на свлечиште, додека на делницата Гостивар – Стража, кај мостот Здуње, сообраќајот се одвива наизменично поради продолжени градежни работи, кои ќе траат неколку месеци.

Од АМСМ уште еднаш апелираат возачите да тргнуваат на пат со соодветно подготвени возила и да ги следат редовните информации за состојбата на патиштата, особено во услови на снег и ниски температури.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Габриела Илиевска се кандидира за градоначалник на Битола

(ВИДЕО) Возел „порше“ со 272 км/ч на автопатот Скопје-Велес, поминал со опомена – поведена постапка против началници и полицајци

ДЗС: За 23,8% повеќе одобренија за градење во јануари годинава

МВР поднесе кривични пријави до ОЈО за 43 лица поврзани со измами со „брзи кредити“

Сончево со мала облачност, претпладне со услови за повремен локален дожд и грмежи

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Мицкоски од Брисел: Критериум за членство во ЕУ да бидат постигнувањата, повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми

Македонија

Сончево и топло, до 30 степени

Македонија

Влада: Замолуваме за воздржаност од објавување на непроверени информации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста

Хоспитализирани пет деца, нови 50 случаи на голема кашлица од 1 до 7 март

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?