Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Вардарска долина е решението за брзата пруга во Македонија

Сподели

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) смета дека без валидна физибилити студија и кост-бенефит анализа со цена на чинење и приходи и расходи од железничкиот транспорт, Македонската Влада не треба да влезе во неодржливо губитен и штетен проект за изградба на брза пруга со кредит од британски комерцијални банки и гаранција од британската агенција за поддршка на извозот (UKEF) во случај Македонија да не може да го отплатува. Поради малите добивки што не можат да го вратат кредитот, проектот по 22 години ќе заврши со загуба од најмалку 3,3 милијарди евра, а ако цената на пругата достигне 3 милијарди, тогаш загубата ќе се искачи на 5 милијарди евра!

СМК го преферира проектот “Вардарска Долина“ според физибилити студијата на ЕСМ, со изградба на 12 хидроцентрали и многубројни странични брани за заштита на плодното земјиште од потопување, поради значителни добивки и импресивни стапки на принос на вложените пари.

СМК потсетува дека според физибилити студијата на ЕСМ за проектот “Вардарска Долина“ ќе биде потребно изместување на трасата на железничката пруга на 9 сегменти со вкупна должина од 78,6 км по цена од околу 3-4 милиони евра за 1 км едноколосечна електрифицирана пруга и трошоци за изместување на пругата од 300 милиони евра, што се додаваат на капиталните издатоци за “Вардарска Долина”, имајќи предвид дека хидроцентралите би ги покриле овие трошоци за околу 2,5 години само од продажбата на електричната енергија. Пругата би била стандардна, за брзини до 100-120 км/час поради топографијата на теренот, со минимум вијадукти и тунели.

- Advertisement -

Цената за изградба на хидроцентралите заедно со изместувањето на пругата би биле околу 1.600 милиони евра, од кои сопственото учество на државата би изнесувало 15%, односно 240 милиони евра. Остатокот од 1.360 милиони евра би бил заем од Европската инвестициска банка, со каматна стапка од 2%. За ваков вид проекти Македонија, како земја-кандидат за членство во ЕУ, би можела да добие до 50% грант (пореално е 35%, односно околу 476 милиони евра).

СМК преферира изградба на брза пруга во Македонија со јавно-приватно партнерство на Македонски Железници со Кинеската корпорација КОСКО на 99 години концесија, како најголем речиси единствен корисник на транзитниот железнички транспорт во Македонија, имајќи предвид дека Кина ги откупи пристаништата во Пиреа и Солун во Грција и ја гради брзата железница од Будимпешта до Атина, а во наредните пет години преку Иницијативата за Југоисточна Европа 14+ ќе инвестира околу 150 милијарди евра! Македонија истовремено може да ги понуди: изградбата на индустриската зона “Обиколница” во општина Гази Баба за регионален кинески драј-порт логистички центар – се’ од Југо-источна Европа за Кина и се’ од Кина за Југоисточна Европа да оди преку овој регионален кинески драј-порт логистички центар, изградбата на регионален саем во Скопје, изградбатљ на градски кинески трговски центар во Скопје, како и изградбата на “Вардарската долина” со опција изградба на пловен канал Дунав-Морава-Вардар-Егејско Море.

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Кумановец уапсен за објавување на интимни фотографии без согласност

Отворени „Деновите на кочанскиот ориз 2024“, Марија Стаменкова избрана за жетварска убавица

Силување во Дојран, предложен притвор за осомничениот

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

Три лица приведени во Кочани по пронајдена дрога

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Хроника

Кривична пријава за малолетникот што удри пешаци во Скопје

Македонија

Макпрогрес Винчини: 500 вработени и над 35 милиони евра приход

Локално

27-28 септември: Стрит денс викенд во Гевгелија

Македонија

Влада: Неработни денови 24 април и 8 мај поради претседателските и парламентарните избори

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?