Во СВР Скопје е пријавен случај на измама во кој жртва е државјанин на Турција.
Како што е пријавено, на 22 јануари 2026 година околу 10:00 часот, М.С. од Турција пријавил дека бил измамен од едно лице за вкупна сума од 6.650 евра.
Според неговите наводи, во октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со лице кое се претставувало како посредник за обезбедување документи за работа и престој во државата. По договорот, во неколку наврати му исплатил пари – дел лично, а дел преку трансакциска сметка.
Освен тоа, оштетениот платил и за договор за закуп на стан, кој бил заверен кај нотар, со што дополнително бил доведен во заблуда дека станува збор за легална постапка.
Откако подолг период не можел да стапи во контакт со лицето и не добил никакви документи, пријавителот сфатил дека бил измамен и случајот го пријавил во полиција.
Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста.



