Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Здравје

Вежбите ја намалуваат опасноста од деменција до 33 отсто

Сподели

Лос Анџелес, 17 јyни 2024 (МИА) – Деменцијата е синдром којшто се одликува со прогресивно влошување на когнитивните функции, како што се помнењето, размислувањето и способноста за извршување на секојдневните должности, а најчесто е предизвикана од дегенеративни заболувања на мозокот.

Возраста се смета за еден од поважните фактори на ризик, којшто човекот не може да го контролира. Сепак, и други фактори, како што се секојдневните навики, начинот на живот и сл. – играат важна улога. На некој начин, тоа е добра вест, според стручњаците, и ова значи дека имаме одредена моќ на контрола врз здравјето на својот мозок. Според истражувањето што ги поделило испитаниците во пет групи, имено, една навика може значително да ја намали опасноста од деменција – физичките вежби. Во таа смисла, дури и благото надминување на неделните препораки за вежбање може да биде прилично корисно.

Се говори за вежбите за срцето, белите дробови, мускулите, коишто исто така, се полезни и за мозокот.

- Advertisement -

Во споредба со групата испитаници означени како „најмалку фит“, оние со малку подобра форма имале 13 отсто помал ризик од Алцхајмерова болест… Натаму – средната група имала 20 отсто помал ризик, следната група на скалата имала 26 отсто помал ризик, а луѓето од „физички најактивната група“ имале 33 отсто помала опасност.

Авторите заклучуваат дека кардиореспираторната кондиција е поврзана со помали шанси за деменција, а како што луѓето стареат, сѐ тоа е поистакнато.

- Advertisement -
Банер

– Истражувањето покажа дека најмалку 150 минути вежбање со умерен интензитет неделно се клучни за оптимално здравје на мозокот како што старееме. „Помалку значи повеќе“ има свое место во одредени случаи, но и надминувањето на неделните препораки за вежбање може да биде доста корисно вели невропсихологот д-р Џесика Калдвел за „Парејд“.

Таа вели оти за помладите луѓе или оние кои биле физички активни во минатото и постојано во нивниот живот, вежбањето до 300 минути или поинтензивно вежбање може да биде уште покорисно за мозокот. Како што возраста напредува, и рамнотежата меѓу физичката кондиција и спречувањето повреди и добрата аеробна кондиција се зацврстува.

Според сѐ, вежбањето е корисно не е само здравјето на срцето, туку и за мозокот.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Зимата не е пречка: Како да ја одржите вашата фитнес рутина во студените месеци?

Заглавени во мали задачи? Откријте ја психологијата зад губитокот на мотивација!

Како храната влијае на нашите емоции? Откријте ја тајната на правилната исхрана!

Недоволно витамини и минерали предизвикува различни непријатности во телото

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Здравје

Шокантни ефекти на газираните пијалоци на вашето тело

Здравје

Најздравите есенски намирници: Уживајте во богатството на природата

Здравје

Влијанието на загадениот воздух врз здравјето на жителите

Здравје

СЗО: Дваесет отсто од луѓето на возраст од 15 до 49 години имаат генитален херпес

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?