Во Љубљана денеска се случи инцидент кој ја вознемири словенечката јавност – пратеникот Андреј Хојвик од опозициската Словенечка демократска партија (СДС) се заканувал дека ќе се самоубие скокајќи од покривот на зградата на парламентот, јавува Dnevnik.si.
Инцидентот се случил во попладневните часови, кога Хојвик бил забележан на кровот на законодавниот дом, од каде гласно повикувал: „Ќе скокнам!“. На местото веднаш пристигнале полиција, противпожарни сили и итна медицинска помош.
По неколку минути, откако пожарникарите поставиле скали, Хојвик се согласил да слезе. Веднаш потоа бил предаден на медицинскиот тим и пренесен во болница за понатамошна проценка и третман.
Официјалниот мотив за постапката на пратеникот сè уште не е соопштен, но според неофицијални извори, Хојвик во последните недели покажувал знаци на психолошка и емоционална исцрпеност.
Инцидентот ја отвори јавната дебата за менталното здравје и притисоците на кои се изложени политичарите, како и за потребата од соодветна поддршка и институционална грижа.
Poslanec Andrej Hoivik na strehi državnega zbora grozil, da bo skočil. pic.twitter.com/BxQ0um6qhp
— Dnevnik (@Dnevnik_si) May 16, 2025