Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Вкупно 551 лице со овчи сипаници во јуни, пад во однос на заболени во мај

Сподели

Скопје, 13 јули 2024 (МИА) – Во текот на јуни, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 551 пријавено лице. Се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници, како во однос на претходниот месец мај – 837, така и во однос на јуни 2023 кога евидентирани биле 760 заболени, покажува најновиот месечен билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движење на заразни заболувања за јуни.

Потоа следуваат ентероколитиси, голема кашлица, салмонелози, бактериски алиментарни инфекции и интоксикации, па шуга.

– Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции, без ХИВ/СИДА, регистрирани се девет заболени лица. Од нив, шест случаи на инфекција со хламидија, два случаја на сифилис и еден случај на вирусен хепатитис Ц, пишува во извештајот на ИЈЗ.

- Advertisement -

Во јуни пријавени биле еден потврден случај на ХИВ и два случаја на СИДА, сите од машки пол. Во однос на возраста – по едно лице кое припаѓа на возрасната група од 20 до 29, од 30 до 39 и од 50 до 59 години.

– Во вкупниот број на пријавените случаи на вакцино – превентабилни болести, 98.3 проценти се случаи на голема кашлица, како резултат на тековната епидемија на територијата на град Скопје и на Куманово. Во оваа група на заболувања, регистрирани се и два случаја на заразни заушки на возраст од три односно седум години, вакцинирани согласно Kалендарот за задолжителна имунизација во Република Северна Македонија. Дијагнозата е лабораториски потврдена. Во текот на јуни, пријавен е еден случај на мали сипаници. Се работи за шестгодишно дете од село Лабуништа, Струга, хоспитализирано на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Детето не е вакцинирано со МРП-вакцина, пишува во извештајот.

Претходниот месец, Клиниката за детски болести во Скопје го пријавила и првиот случај на акутна флакцидна парализа (АФП), во текот на 2024 година.

– Регистрираниот случај е 13,5-годишно дете од село Рогле, општина Желино, тетовско. АФП случајот е редовно вакциниран со пет дози на ОПВ согласно возраста и Календарот за имунизација. Од АФП случајот и два блиски контакта се земени примероци за вирусолошко испитување на полиомиелит и други ентеровируси, кои се испратени во Референтната лабораторија на СЗО во Софија, Pепублика Бугарија. Добиените резултати се негативни, односно во тестираните материјали не се изолирани ентеровируси, појаснуваат од ИЈЗ.

Во текот на месец јуни, пристигната била една пријава за заразно заболување кај странски државјанин – голема кашлица кај лице од Косово, кое престојувало во државава.

За истиот период, во ИЈЗ била пристигната една пријава за епидемија на заразна болест.

– На 17 јуни, ЦЈЗ – Скопје пријави епидемија на toxoinfectio alimentaris на територијата на град Скопје. Епидемијата е пријавена со седум заболени лица од вкупно 70 експонирани, кои консумирале храна подготвена во ист објект, хоспитализирани нема. ЦЈЗ – Скопје во соработка со АХВ и ДСЗИ изврши санитарно – хигиенски и епидемиолошки увид во објектот каде била подготвувана храната. Земени се материјали за микробиолошка анализа – од мостри храна, брисеви од работни површини и испироци од раце на вработените. Од страна на ЦЈЗ – Скопје, предложени се соодветни санитарно – хигиенски и против епидемиски мерки. Објектот беше затворен до добивање негативни резултати од земените материјали. Епидемијата е одјавена на 26 јуни, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Од Блаже Дарудов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за вредноста на платата денес
Калкулатор за тоа колку вреди твојата плата денес.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Пратениците во 2025 година со 14,4 милиони денари патни трошоци

Семејствата на загинатите бараат правда: Кој ги штити виновниците?

СДСМ обвинува: Кандидатот за градоначалник на Виница поврзан со шумската мафија?

Внатрешна контрола во акција: полицаец од Велес ќе остане без работа поради закани

Трагедија во Карпош: Пронајден мртов 55-годишен скопјанец

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Општина Крива Паланка со празнична грижа и радост за секое дете

Локално

Пожар во Делчево: Багер зафатен од огнени јазици, среќа без повредени

Локално

„Витезот Моливко и уште нешто повеќе“ повторно на сцена за Неделата на детето

Хроника

Трагедија на патот Прилеп – Росоман: Две жртви во страшна сообраќајка

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?