Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини со цел подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух

Сподели

Владата на Република Македонија денес потпиша договор со 49 општини за трајно користење без надомест на напредни системи за прочистување на воздухот од реномираниот германски производител MANN+HUMMEL, во вкупна вредност од 1.000.000 евра.

Оваа иницијатива е дел од заложбите за подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на последиците од аерозагадувањето, особено во јавните објекти во кои престојуваат најосетливите категории на граѓани, децата и младите. Прочистувачите на воздух ќе бидат инсталирани во основни и средни училишта, градинки и други јавни институции на територијата на 49 општини, идентификувани како најзагрозени според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот за периодот 2022–2024 година.

Прочистувачите од брендот MANN+HUMMEL претставуваат мобилни системи со висока ефикасност, дизајнирани за елиминирање до 99.995% од вируси, бактерии и микроорганизми, благодарение на сертифицирани HEPA H14 филтри според стандардите EN 1822 и ISO 29463. Овие уреди се наменети за употреба во училници, градинки, медицински ординации, болници и канцеларии, каде што овозможуваат континуирана циркулација на прочистен воздух и значително ја намалуваат можноста за ширење на зарази.

- Advertisement -

Анализата на податоците покажува дека суспендираните честички PM10 и PM2.5 претставуваат најкритична загадувачка супстанца, со измерени концентрации што и понатаму ги надминуваат пропишаните гранични вредности за заштита на човековото здравје. Сепак, благодарение на мерките преземени од институциите на централно и локално ниво, се забележува позитивен тренд на намалување на концентрациите, а на одредени мерни места просечните годишни вредности веќе се под дозволените граници (40 μg/m³).

Владата останува посветена на имплементација на сеопфатната програма за подобрување на квалитетот на воздухот за периодот 2024–2030 година. Успехот на оваа програма зависи од заедничките напори на сите институции, општините и граѓаните.

Извор: Влада

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Ова се најголемите набавки на Собранието на РМ за 2024 година

Приведени неколку лица во Кавадарци за време на „Тиквешки гроздобер“

Општина Делчево одбележува 84 години од почетокот на антифашистичкото Востание, 11 Октомври

Четири лица уапсени за 26 кривични дела, полицијата открива нови детали

Просветен инспектор обвинет за психичко насилство врз наставничка во Муртино

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Општина Делчево: Покана за чествување на 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ

Македонија

Запалена платформата за набљудување на Смоларскиот водопад (ВИДЕО)

Локално

Без струја делови од Гази Баба, Зелениково и Аеродром

Локално

Австрискиот амбасадор Памер во посета на Општина Битола

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?