Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Во Хрватска започна гласањето во вториот круг од претседателските избори

Сподели

Загреб, 12 јануари 2025 (МИА) – На повеќе од 6.500 избирачки места во Хрватска денеска во 7 часот почна гласањето во вториот круг од претседателските избори на кои учествуваат досегашниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац, поддржан од владејачката  ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии, јави Хина.

Избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот, а првите резултати Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги соопшти во 19 часот и 30 минути.

Во првиот изборен круг учествуваа осум кандидати, а Милановиќ влезе во вториот круг со 49,1 отсто освоени гласови и Приморац со 19,35 отсто поддршка од гласачите.

- Advertisement -

Државната изборна комисија ги повика гласачите да не се јавуваат телефонски, да не испраќаат СМС пораки или е-пошта, а кандидатите и нивните предлагачи да се воздржат од објавување на нови пропагандни содржини како статуси, видео клипови, слики или коментари на социјалните мрежи или платформи.

Според последната анкета на РТЛ во пресрет на вториот круг од претседателските избори, Милановиќ ќе добие втор мандат на таа функција бидејќи го поддржуваат 62,5 отсто од гласачите, додека Приморац ќе има поддршка од 27,8 отсто од граѓаните, објавија вчера хрватските медиуми.

Анкетата покажува дека 6,8 отсто од гласачите се неопределени, а 2,9 отсто од нив најавуваат дека ќе го поништат гласачкото ливче.

Кога тие бројки ќе се споредат со истото истражување од минатиот месец пред изборите, Милановиќ денеска би требало да освои осум отсто повеќе гласови, а Приморац седум отсто помалку отколку во декември, пишува загрепскиот портал индекс. хр.

Од Сашко Димевски /МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Амбасади
Приказ на амбасади и дипломатски претставништва на Македонија.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Грција ја суспендира екстрадицијата на Владимир Плахотњук, молдавскиот олигарх поврзан со „кражбата на векот“

Рама и албанската делегација во посета на самитот на НАТО: разговори за инвестиции и подготовките за Самитот во Тирана 2027 година

Во Саранда уапсени македонски државјани поради кражба

Зголемен бројот на хоспитализирани и починати од Ковид-19 во Грција

Трагедија во Хрватска: Двегодишно девојче почина од опекотини, родителите уапсени

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Во Судот на БИХ нема да има главен претрес, туку статусна конференција со бранителите во предметот што се води против Додик

Балкан

Алстом ќе испорача 35 електрични возови на Бугарија за 600 милиони евра

Доживотна затворска казна за главниот осомничен за сексуална злоупотреба и принудување на проституција на малолетно девојче во Грција

Балкан

Светска банка предвидува раст на БДП-от на Србија од 3% до 2026 година

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?