Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Во Србија првомајски заеднички протест на синдикатите и студентите во блокада

Сподели

Белград, 28 април 2025 (МИА) – Студентите во блокада и пет синдикални здруженија во Србија најавија заеднички протест за 1 мај пред Владата на Србија, кога ќе врачат предлог за измена на Законот за работни односи и Законот за штрајкови, а воедно ќе одбележат и шест месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Како што објавија студентите во блокадата на официјалната веб-страница, тоа е чекор кон радикализација, јави дописникот на МИА од Белград.

„Повеќе не стоиме само во блокади. Ова е чекор кон радикализација што ќе овозможи нови форми на притисок“, нагласија студентите во блокада во врска со протестот што ќе се одржи на Денот на трудот.

Тие додадоа дека се борат „за правото на живот без страв, за работниците, за студентите, за сите нас“.
На официјалниот X профил на студентите во блокада на Факултетот за организациски науки, беше објавено дека протестот на 1 мај ќе биде подобар од најголемиот протест во историјата на Србија, одржан на 15 март.

- Advertisement -

Под слоганот „Први мај не е празник – Први мај е ден за борба!“, работниците и студентите ќе се соберат во 14 часот пред зградата на Владата на Србија во Белград, со цел заеднички да достават јасни барања до властите.

Обединетите синдикати на Србија „Слога“, Сојузот на независни синдикати на Србија, УГС „Независност“, АСНС, Конфедерацијата на слободни синдикати и иницијативата „Студенти во блокада“ ги повикаа граѓаните масовно да се приклучат на протестот.

Организаторите ги истакнуваат клучните барања: Нов, фер и праведен закон за труд; Достоинство, безбедност и солидарност на секое работно место; Крај на практиката на ниски плати, кршење на работничките права и живoт во несигурност.

Како што наведоа во нивниот повик за протест, студентите во блокадата истакнуваат дека Законот за работни односи и Законот за штрајк се темелите на системот на експлоатација, бидејќи, како што велат, денес тие ја штитат владата, а не работниците. Тие го гледаат тоа како корен на проблемот и веруваат дека мора да започнат со нивната промена.

„Поради сe, Први мај повеќе не е празник – тоа е ден на борба. Се гледаме на улица!“, порачаа Обединетите синдикати на Србија „Слога“.

Од Златко Шумковски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за електрична енергија
Пресметај колкав износ за електрична енергија ќе платиш според потрошувачка.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

ЕУ инвестира 200 милиони евра во развој на Црна Гора

Летечки автомобили доаѓаат во Србија – Вучиќ најави револуција во транспортот

Порака од Хрватска: Дали еден народ може да биде над другите?

Косовската полиција постави бетонски пречки за камиони кај Брњак (КРГ)

КФОР: Ситуацијата во Косово останува кревка – политичкиот дијалог е клучен за траен мир

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Парламентарни избори во Косово

Балкан

Хидроелектрана во Херцеговина: Дали еколошките последици вредат за енергијата?

Балкан

Во Србија почнуваат консултациите за формирање нова влада

Балкан

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?