Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотресa над четири степени во близина на Санторини

Фото: МакедонијаДенес
Сподели

Атина, 6 февруари 2025 (МИА) – Во периодот од 1 часот по полноќ, заклучно со 9 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос беа регистрирани 22 земјотреси со јачина од над четири степени, согласно достапните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, а се по синоќешниот од 5,2 степени, што воедно беше и најсилниот во серијата земјотреси во изминатите денови, јави дописничката на МИА од Атина.

Доколку се направи анализа на официјалните податоци, од овие 22 земјотреси, 15 биле регистрирани во период од нешто повеќе од еден час, односно меѓу 4.24 и 5.36 часот утрово, а седум од земјотресите биле регистрирани за половина час.

Во однос на синоќешниот земјотрес од 5,2 степени регистриран кусо по 21 часот, грчките сеизмолози се претпазливи во прогнозите дали станува збор за главниот земјотрес.

- Advertisement -

Сеизмологот Герасимос Пападопулос, на социјалните мрежи коментираше дека земјотресот ја потврди неговата процена од изминатиот период дека „се наоѓаме во предземјотресна серија“.

– Големото прашање сега е: дали ова беше главниот земјотрес? Работиме интензивно и можеби ќе одговориме во текот на денот. Трпение!, напиша сеизмологот.

Директорот на Геодинамичкиот институт Василис Карастатис за државната телевизија ЕРТ, утрово рече дека сеизмичката активност продолжува со истото темпо како и претходните денови, интензивна е и со прилично висок број на земјотреси со јачина над четири степени, а оној од 5,2 степени, „суштински не ја менува целокупната слика“.

– Сè уште не сме во позиција да кажеме дека гледаме некаков податок што би довел до тоа дека серијата полека да се комплетира. Сè уште сме на средината на патот. Немаме видено никакво разретчување, некој знак дека се движи кон повлекување, истакна директорот на Геодинамичкиот институт.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од 26 јануари до 3 февруари, во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос имало над 6.400 земјотреси од кои 800 биле со јачина над 2,5 степени.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас на вчерашната информативна прес-конференција во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи предупреди за опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност на островот.

Додаде дека ја мапирале опасноста од лизгање на земјиштето и врз основа на овие податоци пет области со висок ризик: пристаништето и патната мрежа од пристаништето, делови од Иа (Армени и Амуди) старото пристаниште и жичарницата и населбата Корфу.

Според процените во Грција, во изминатите денови островот го напуштиле над 10.000 лица, а пред сè станува збор за работници кои на Санторини се во пресрет на новата туристичка сезона, но и локално население.

Од понеделникот училиштата на Санторини и соседните острови Иос, Аморгос и Анафи се затворени до крајот на седмицава, а до граѓаните постојат препораки да избегнуваат големи собири во внатрешноста на објектите; да избегнуваат пристап во напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во пристаништа Амуди, Армени, Крфос и старото пристаниште во Фира; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, поради опасност од појава на одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.

Од Сања Ристовска, Грција/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

СКАНДАЛ: Пратеник нападна случаен минувач на плоштадот во Приштина

Евростат: Албанските затвори преполни, земјата четврта во Европа по бројот на затвореници

Нова серија земјотреси во близина на Санторини – најсилниот 5 степени

Непредвидени проблеми во доделувањето на концесијата за црногорските аеродроми

Во Сараево десет луѓе со симптоми на лептоспироза побарале лекарска помош

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Непознати лица од мотор во движење во Атина фрлиле чанта со рачни бомби и пиштол

Три жртви во железничка несреќа во Србија

Балкан

Од Сирија репатрирани 33 грчки државјани и членови на нивните семејства

Балкан

Шокантен инцидент – Змија касна седумгодишно момче на плажа

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?