Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Во Турција приведени 33 лица осомничени за поврзаност со Исламската држава и подготовка на напади

Сподели

Истанбул, 10 март 2024 (МИА) – Турската полиција уапси 33 лица осомничени за врски со групата Исламска држава и подготвување напади пред локалните избори во земјата кон крајот на овој месец, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Осомничените се подготвувале и барале каде да оперираат пред претстојните избори, напиша министерот на „Х“.

Изборите треба да се одржат на 31 март.

- Advertisement -

Министерот рече дека антитерористичката полиција во Сакарија, северозападна Турција, во рации пронашла оружје, пари и „документи за организацијата“.

-Нема да толерираме терористи. Ќе ја продолжиме нашата борба без прекин со големи напори на нашите безбедносни сили, рече Јерликаја.

Тој додаде дека мрежата обезбедувала луѓе за воените зони и финансиска поддршка за Исламската држава додека оперирала од илегални џамии и верски училишта.

Турција беше погодена од голем број напади поврзани со Исламска држава во изминатите 10 години, вклучително и вооружен напад во црква во Истанбул во јануари, кога загина едно лице.

Исламската држава е поврзана и со најсмртоносниот напад во земјата, кога повеќе од 100 луѓе загинаа на мировниот митинг во Анкара во октомври 2015 година.

Од: Марија Спасовска Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
ТВ Архива
Приказ на над 200 архивски видеа од Македонија.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Хрватска доминира со инвестиции во БиХ: Што значи тоа за економијата?

Путин во Кина: Западот виновен за украинската криза

ОН: Зголемениот недостиг на вода може да поттикне конфликти ширум светот

Мексиканската претседателка повика на „ладни глави“ како одговор на првите одлуки на Трамп

Шумските пожари во Бразил лани уништиле вкупна површина поголема од Италија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Расте бројот на заразени од Ковид-19 во Косово, двајца починати и 177 нови случаи од 14-19 август

Свет

САД на патот кон контрола на венецуелската нафта?

Свет

Шпанија издвојува дополнителни две милијарди евра за одбрана

Свет

Молдавија: Опозицијата ги оспорува резултатите од изборите поради странски влијанија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?