Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав

Сподели

Белград, 29 септември 2024 (МИА) – Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека планот е првата генерација на редовното служење на задолжителна воена обврска од 75 дена, да биде во касарните во септември 2025 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучевиќ за ТВ „Прва“ кажа дека во март следната година, до Собранието на Србија ќе се поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се дефинира и регулира се што е поврзано со служењето на воениот рок.

Владата на Србија на 20 септември го усвои Заклучокот за формирање Работна група за разгледување на активностите и мерките за активирање на обврската за служење на воениот рок во времетраење од 75 дена.

- Advertisement -

Обврската за служењето на воениот рок во Србија беше укината на 1 јануари 2011 година, со што земјата премина на моделот на професионални вооружени сили, со можност за доброволно служење воен рок.

Вучевиќ рече дека „идејата е во септември 2025 година Војската на Србија (ВС) да биде подготвена да ја прими првата генерација регрути“, и дека, како што наведе, „есента 2025 година можеме да ги очекуваме првите класи на ВС од регрутниот состав“.

Тој рече дека кога сите капацитети ќе се подигнат до максимум, српските вооружени сили, односно Министерството за одбрана, планираат до 20.000 регрути годишно да служат воен рок.

Тој потсети дека задолжителниот воен рок е предвидено да важи за регрутите „од 18 години, односно од 19 до 30 години“, а жените ќе имаат право на доброволно служење воен рок, кој ќе трае 75 дена.

-Веќе нема да има преклопување меѓу старата и младата војска, па кој е „џомба“, а кој „гуштер“, секогаш ќе има само една класа војници и ќе има различни услови, нема тоа да биде враќање на 80-тите и 90-тите (години од минатиот век), рече Вучевиќ.

Тој кажа и дека има разлики помеѓу она што е „приговор на совест“ (некој да бара, од лични причини, да не служи војска) и цивилното (во градинките, геронтолошките центри…) служење на воениот рок и дека се што е поврзано со ова треба да се презентираа пред Министерството за одбрана и ВС.

Од Оливер Бранковиќ/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
ТВ Архива
Приказ на над 200 архивски видеа од Македонија.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Албанија е една од 10-те земји во светот со најзагаден воздух

ЦИК: Од албанската дијаспора, во Тирана пристигнаа 161.899 коверти со гласачко ливче, од вкупно пријавените 245.935 лица

Расте бројот на заразени од Ковид-19 во Косово, двајца починати и 177 нови случаи од 14-19 август

Крај на соработката? Како инцидентите можат да влијаат на турските инвестиции во Црна Гора

ЕК бара казни за Бугарија, Грција и Полска поради непочитување на Директивата за патарини

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Додик: Дејтон не е проблем, туку неговото искривување

Балкан

Петковиќ: Србија на чело со Вучиќ никогаш нема да го признае Косово

Балкан

Вучиќ: До 19 или 20 март нова влада на Србија или предвремени избори

Балкан

Чекале по осум часа на границата: Гужва од БиХ до Хрватска

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?