Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Вучиќ ја покани Бугарија на Експо, предупреди за сложената безбедносна средина на Балканот

Сподели

Белград, 4 април 2025 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на посетата на Софија ја истакна важноста на Бугарија како соседна земја и ја покани Бугарија да учествува на изложбата Експо 2027 што ќе се одржи во Белград.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, Вучиќ ја опиша Бугарија како клучен партнер за Србија и рече дека нејзиното учество на меѓународната изложба ќе биде од големо значење.

Вучиќ рече дека во Софија, каде што учествува на состанокот на шефови на држави и влади во рамките на процесот Акаба посветен на Балканот, веќе имал отворени разговори со лидерите на повеќе земји од регионот, меѓу кои Словенија, Хрватска и Црна Гора.

- Advertisement -

Зборувајќи за пошироките регионални прашања, Вучиќ ја истакна сложената безбедносна средина на Балканот. Тој предупреди дека сегашниот период е еден од најтешките во последните неколку децении, велејќи дека секој збор што се зборува сега може да има значителни последици.

Поради тоа, наведе тој, Србија ја зајакнува соработката со Унгарија како одговор на новите предизвици, нагласувајќи дека таквиот пристап не е конфронтациски, туку е насочен кон изнаоѓање суштински решенија.

Претседателот на Србија ситуацијата во и околу Република Српска ја оцени како исклучително сериозна, нарекувајќи ја голем предизвик за Србија. Тој откри дека во неговата делегација во Софија е и шефот на Воено-разузнавачката агенција на Србија, што дополнително ја нагласува важноста што неговата влада ја придава на проценката на регионалните закани и зачувувањето на националната безбедност.

Вучиќ повтори дека приоритет на Србија е да ги зачува мирот и стабилноста за сите нејзини граѓани, и покрај предизвиците што ги носи напнатата и брзо менувачка геополитичка ситуација.

Од Марија Спасовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Босна и Херцеговина реагира на приемот на Додик во Унгарија

Вучиќ ги шокира министрите: Време е да се разбудите!

Бугарија воведува нов систем за мерење на брзината на автопатите

Вучиќ упорен во изградба на аеродром во БиХ: “Инвестираме 200 милиони евра!”

Албанија бележи рекордни странски инвестиции, доминираат вложувањата во недвижен имот

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Во Хрватска започна гласањето во вториот круг од претседателските избори

Балкан

Абазовиќ: Нема да дозволиме никој да ни го земе Улцињ

Балкан

ОН: До 2050 година населението на Западен Балкан ќе се намали за три милиони жители

Училиштата во Ниш гласаа за целосен прекин на работата до исполнување на барањата на учениците

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?