Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: За молитвата и смислата на животот
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » За молитвата и смислата на животот
Библиотека

За молитвата и смислата на животот

15.10.2025
Share
SHARE

Прекрасен одмор за човекот е, драги мои, ако барем малку време во својот живот ѝ посвети на молитвата. Ако по исцрпувачкиот ден, ѝ се посветат неколку мигови, и човекот се ослободи, за да се соедини со Духот Божји, со Светиот Дух Кој е во Црквата, дарежлив и изобилен – тогаш тој навистина ќе се одмори на вистински начин. Зашто вистинскиот одмор не е кога долго спиеме или одиме на некакви патувања. Тоа е само одмор за телото. Но одморот за душата, духовниот одмор, е многу поважен и позначаен. Човекот навистина се одмара кога има жива врска со Бога.

Содржина
Влегува човек, излегува ангелБог е сигурна потпора во живототПосакај ми неуспех!Молитвата ја покажува смислата на животот

Го кажувам ова затоа што секој забележува колку прекрасно спокојство добива човековиот дух за време на светите богослужби во Црквата. Како само тие свештени тропари составени од светите кои имале искуство на познавање на Светиот Дух и присуството Божјо во своето срце, и кои токму тоа искуство го изразиле преку црковната музика и песните, му помагаат на човековиот дух да се издигне кон Бога и да се соедини со Светиот Дух. Него Господ им го дарува на оние кои Го бараат и копнеат по Него. Сето ова нѝ дава вистинско чувство на присуство Божјо, спокојство и радост. Апсолутно сум убеден дека од една вистинска молитва, од една служба, од едно свештенодејство во храмот, ќе се одмориш онака како што не можеш ни во најдобрите центри за одмор и забава, од кои луѓето се враќаат уште поуморни и понервозни, понекогаш толку иритирани што се готови да се степаат.

И чудно звучи кога некој ќе каже: па денес луѓето целата ноќ можат да ја поминат во пријатни места за разонода и затоа би требало да бидат спокојни, радосни и насмеани секој ден. Да, штом се разбудат, притиснат копче, пуштат музика, почнува врева и бучава, прифаќаат метеж, и од рано утро сѐ под притисок! Понекогаш во зората се спуштаме со автомобил од манастирот, и гледаме како безпотребно викаат, се предизвикуваат еден со друг, се навредуваат па и се тепаат. Се запрашуваш: Што се случува со нив? Та, утро е… Да беше вечер, ајде некако ќе сфатиш… А еве, рано утро, седум часот, уште не се разбудиле, а веќе се нервозни. Каде биле? Некои можеби ноќта ја поминале забавувајќи се, и дома се вратиле исцрпени, во полоша состојба од синоќа.

Ad image

Влегува човек, излегува ангел

Во Црквата тоа го нема. „Сакаш ли да дознаеш што е Црквата и во што е нејзиното чудо?“ – вели во својата прекрасна беседа свети Јован Златоуст. Многу е едноставно. Сврти се околу себе, или влези во црквата, и ќе видиш какво е тоа место, каде што влегува волк, а излегува јагне. Влегуваш како разбојник, а излегуваш како преподобен; влегуваш разјарен, а излегуваш кроток: влегуваш грешен, целиот телесен, а излегуваш духовен; влегуваш како човек, а излегуваш како ангел. „Зошто велам ангел? Зар само како ангел? Влегуваш како човек, а излегуваш како бог по благодат!“ Ете што е Црквата.

И навистина, тоа е неспорен факт: човекот во црквата, во атмосферата на пеење и молитви, постигнува непоматено спокојство. Оти, како што знаете, во православната Црква постојат големи служби – таа е, пред сè, Црква на богослужение, и целиот „терапевтски курс“ со кој таа влијае врз човекот, врз човечките души – тоа е курс на лекување со богослужение. Се сеќавам како на Света Гора доаѓаа луѓе за да престојуваат во манастирите. Како дивјачки изгледаа! Нивните лица изразуваа внатрешна состојба – дива природа, див став… Па, ќе поминеа ден-два на Света Гора, во манастир, посетувајќи служби, и малку по малку на нивните лица ќе се покажеше слаткоста и кроткоста на Божјата благодат. И без оглед на тоа што беа просто поклоници, Духот Божји сепак дејствуваше врз нив. Стануваа спокојни и стекнуваа вистински мир.

Многумина велеа: одиме на Света Гора, во манастир, па дури и ако немаме никаква посебна корист, барем ќе се наспиеме добро, затоа што во манастир се спие толку убаво, како никаде друго; а овде ни мир не можеме да најдеме, ниту нешто друго. И не само затоа што во манастирот е тишина – кај нив и во светот било тивко. Туку затоа што во манастирот владееше духовен мир. Овој контраст беше толку остар, што можеше да се забележи со голо око.

Мене ме беше интересно тоа што некои од нив мислеа дека сите ние на Света Гора наводно имаме дар на проѕорливост и дека е доволно само да погледнеме во човек, па да проникнеме целосно во него. Но тоа можеле само светиите, а кои сме ние? Така еднаш дојде една група, отприлика дваесет и пет луѓе. Ги прашав: „Сакате ли да ви кажам кој од вас дошол првпат, а кој веќе бил овде?“ Одговорија: „Да, оче, кажи нѝ.“ Ги погледнав нивните лица, и навистина, по нив веднаш можеше да се утврди: оние кои не беа првпат на Света Гора, имаа поинаков израз во споредба со другите. И јас реков: „Еве, ти, ти, ти, ти, а ти веќе си бил.“ Испадна дека сум во право, сè погодив! И така си мислеа дека сум проѕорлив. (Смеа).

Бог е сигурна потпора во животот

Следствено, Божји благослов е да се научиш на молитва. Потребно е да се научите на молитва, драги мои, затоа што во нашиот секојдневен живот, колку и да сме силни, се среќаваме со многу тешкотии и разочарувања, и многумина завршуваат во ќорсокак. На крајот на краиштата, врз основа на овој краток разговор со вас, гледам дека имате доста безизлезни ситуации, проблеми, прашања, силни немири. Душата на младиот човек понекогаш ја исполнува таков мрак, што тој не знае ни кој е, ни што прави, ни каде оди, ни што сака – ништо не знае.

Тоа сè се лекува кога човекот ќе почне да се моли. Кога тоа ќе се случи, тој добива сила, затоа што молитвата е светлина, бидејќи и Самиот Бог е светлина. И целата густина на Бога постепено ја разнесува духовната темнина. А ако понекогаш мракот сè уште не се разнесува во душата на човекот, тоа се случува затоа што добриот Бог, како лекар, сака да ја исцели душата со смирение, да го научи човекот на смирение. И нам нѝ е неопходно да научиме да ја добиваме таа сила, за да ги надминеме сите тешкотии на кои наидуваме на морето на животот, затоа што имаме сигурна потпора.

Другите потпори кои денес постојат: нашиот здрав разум, парите, здравјето и силата, другите луѓе, нашите блиски, пријатели, сопружници итн. – тоа се потпори кои се исто така добри, но не се сигурни, затоа што се пропадливи и подложни на промени. Поради овие или оние нешта луѓето се менуваат, се менуваат околностите, се менува светот околу нас. Единствената сигурна и непроменлива потпора е верата во Бога. Бог никогаш не се менува. Он не се губи, не му носи разочарување на човекот, никогаш не го издава. Бог не ги остава Своите дела незавршени, туку ги доведува до крај, затоа што и Самиот е совршен! Кога ќе наидете на неуспеси, особено денес, кога учите па, на пример, доживеете неуспех на испит, или во некој друг потфат, потребно е да се научите на молитва, да ја добиете нејзината сила, за да бидете над неуспехот, како авион кој лета над облаците за време на бура. Тој се издига нагоре, и ништо не му е страшно; долу беснее бурата, но таа никогаш не ја достигнува висината на која тој лета, затоа што има „сила“ која му овозможува да ги надмине таквите ситуации.

Посакај ми неуспех!

Затоа Бог во Црквата нѝ дава сила не само да ги надминеме нашите неуспеси, туку и да извлечеме духовна корист од тие неуспеси. Понекогаш неуспехот станува подобар од успехот! Затоа што има такви благопријатни влијанија врз душата на човекот и врз неговата личност во целина, кои му се често неопходни. Може да кажам дека е крајно неопходно да се научиме како да ги преживееме неуспесите. Неуспесите се многу важни за човекот. Секаде нѝ посакуваат да бидеме успешни, но понекогаш е потребен и „среќен неуспех“. Така се подготвуваме за ситуацијата кога нема да го постигнеме тоа што би сакале, наместо да се навикнуваме на тоа дека секогаш сè треба да биде оанка како што ние сакаме. И тогаш, ако се појави и најмала пречка, трчаме кај психологот и психијатарот, загрижени за нашите психолошки проблеми. Нашата глава полна е со „психолошки проблеми“, нашиот џеб полн со лекови. Дали тоа е неопходно, и зошто? Луѓето плаќаат за да поразговараат, плаќаат за да ги слушне некој. Замислете до каде сме дошле! Односно, во каква тешка ситуација се наоѓаат луѓето кога се согласуваат на тоа! А сè затоа што го изгубивме општењето со Бог.

Молитвата ја покажува смислата на животот

Бог нè моли, нè поттикнува и нè преколнува да поразговараме со Него! Се сеќавате што Он вели? Молете се, барајте, чукајте на вратата и ќе ви се отвори. Сè што барате ќе ви даде Бог. Ако сме научиле да се молиме, ќе добиеме мир во нашите души. Тој душевен мир е токму таа сила која не му дозволува на човекот да потоне. Така, човекот кој научил да се моли разбира, и тоа многу добро, во што е смислата на неговиот живот. Тој ја наоѓа смислата на животот, а во таа смисла има место и за неговите неуспеси.

ИЗВОР: bigorski.org.mk

You Might Also Like

Благоја Чоревски ја рецитира „Земја“ од Вапцаров

Трезвеноста е едно, а тагата друго

„Глас од Македонија“ – Коле Неделковски

„Страв“ – Михаил Ренџов

Како умре Васко Карангелевски?

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?